Синоќа лежев помеѓу две малечки тела во нашиот голем кревет. Се гушкав со моите две деца и знаев дека во моментот кога ќе заспијат, ќе можам слободно да ги преместам во нивните кревети. И баш кога си помислив дека конечно можам да гледам нешто на ТВ, застанав за момент. Гледав во нивните трепки и слатките мали носиња.
Моите бебиња.
– Не смеам да го заборавам ОВА – си реков додека се обидував да го запечатам споменот како тие спијат до мене. Ова ме натера да размислам и за другите моменти што треба засекогаш да ги запомнам, а кои се важни да ги искусиме затоа што ќе ги снема уште пред да бидеме свесни.
1. Гушкање по капење
Моментите кога ќе го завиткате нивното мало тело и водената коса во крпата и ќе го гушнете силно.
2. Вашиот образ на косичката на новороденчето
Мека и толку нова. Незаборавно!
3. Гушкање пред пливање
Пред вашето дете да научи како да плива само, уживајте во моментите кога ќе ви се закачи како коала во плиткиот дел од базенот.
4. Ноќно доење
Во текот на доењето навечер може да се чувствувате осамено. Но не сте. Ова време е свето и го делите само вие и вашето бебе. Запомнете го како посебно. Затоа што е.
5. Гответе и печете заедно
Поминете време правејќи неред во кујната со вашето малечко наместо постојано да чистите.
6. Гледајте го како спие
Времето стои кога гледате во заспаните очиња на вашето дете. Правете го тоа почесто.
7. Уживајте во држењето за раце
Држете ги за раце како да го правите тоа првпат. Почувствувајте ја мекоста на нивната кожа.
8. Помирисајте ги
Кога спијат, играат, се смеат, кога се слатки, болни. Мирисајте ги. Постојано.
9. Немојте секогаш да ја барате камерата, уживајте во моментот
Некои моменти се премногу минливи за да ги фатите на камера. Некои се премногу убави за да не уживате во нив. Бидете присутни во моментот наместо постојано да го снимате и сликате.
Зачувајте го во срцето.
10. Шетајте на дождот
Облечете мантил за дожд и гумени чизми и истражувајте ја природата на дождот со вашето дете. Скокајте во вирчињата, гледајте го дождот како паѓа и уживајте.
11. Посетете го нивниот свет
Поминете време со вашето дете во неговиот свет. Градете шини и играјте со него наместо да диплите алишта и да перите.
12. Заобиколете ја рутината
Заборавете на рутината и уживајте во вечерните часови поминати со вашето дете. Ќе го запомнат овој момент, а ќе го запомните и вие.
13. Излезете сами
Поминете време со вашите деца, меѓутоа, со секое посебно. Правете го тоа на месечно ниво.
14. Засадете растение заедно
Засадете семиња заедно и гледајте ги како растат.
15. Поминете многу време на подот
Лежете на подот со вашето бебе или мало дете. Уживајте во прегратките, смеењата и играта што се случува на подот.
16. Бидете фотелја
Ќе има моменти кога вашето дете повеќе нема да сака да ви седи во скутот. Читајте му книги и гледајте сликовници додека е во вашиот скут, пред да биде предоцна.
17. Прошетајте ја омилената кукла/играчка
Наскоро играчката/куклата ќе биде заменета со некоја друга опсесија. Во меѓувреме заедно прошетајте ја околу соседството.
18. Играјте во паркот
Спакувајте неколку од омилените играчки на вашето дете и одете во паркот и играјте таму.
19. Кампувајте во дневната соба
Направете шатор во дневната соба и поставете кревети. Потоа поминете ја вечерта кампувајќи со вашите деца.
20. Прегрнете ги цврсто додека не заспијат
За ова нема потреба никој да ви каже дека треба да го направите. Гушкајте ги, бакнувајте ги, кажувајте им дека ги сакате бидејќи еден ден нема да им биде потребно да им го кажувате ова.
Автор: Лана Халовес