Да се има сестра значи подобрување на способноста за комуникација и покажување сочувство, вели психотерапевтот Имани Мова, додавајќи дека тоа е најверојатно така затоа што жените имаат тенденција да бидат подобри во саморефлексијата и во согледувањето на потребите на другите.
Друга важна точка е дека некој маж што пораснал со сестри има поголема веројатност да научил како да прави компромиси, да биде трпелив или да го чека својот ред, додава експертот за односи Стефанија Круз.
Сепак, дефинитивно има и такви мажи кои ги усвоиле овие вештини од нивните мајки, тетки, пријатели или некој друг.

Мажите што имаат сестра или мажите што имаат добар однос со својата сестра се дополнителен плус ако на нив гледате како потенцијални партнери. Од нив нема да добивате сомнителни пораки од типот – „ок“, ниту половично извинување како: „Жал ми е што се чувствуваш така“.
Автор: Анамариа Милош