Едно момче можеби го нашло крајот на сите кошмари со неговиот изум кој му помогнал на неговиот татко. Ова е приказна со која многумина може да се поврзат, но ретко кој зборува за тоа. Тоа е приказната за мажите и жените што се враќаат со посттрауматско нарушување по воена служба. Тоа може да го оштети човечкиот живот и да ја промени личноста засекогаш, како што било случај за семејството Склузацек. Тајлер сведочел на влошувањето на менталното здравје на татко си откако се вратил од војна и сакал да му помогне.

Тајлер согледал дека неговиот татко има кошмари кои ги опишал како исцрпувачки. Тој одлучил да му помогне за кошмарите да исчезнат. Сè почнало кога Тајлер бил на колеџ во Сејнт Пол, Минесота, во 2015 година и слушнал за настан за компјутерско програмирање „хакатон“ во Вашингтон. Програмата била фокусирана на креирање апликации кои ќе им помогнат на лица во слични ситуации како неговиот татко.

На таа програма тој смислил прототип за апликација за паметен часовник – „антиноќен терор“. Програмата е создадена за да детектира пречки во текот на ноќта, мониторирајќи ги отчукувањата на срцето и движењата на личноста. Кога телото почнува да реагира, но пред вистинскиот кошмар да започне, часовникот испраќа сигнал за да го попречи шаблонот на спиење. Сигналот е еднаков на нежно подбуцнување или лижнување од куче. Тоа ќе го ресетира спиечкиот шаблон на индивидуата и ќе превенира да не дојде до кошмар.

Тајлер вели дека било тешко да креира апликација бидејќи сакал да се осигури дека апликацијата ќе биде доволно функционална за да го спречи појавувањето на кошмарите, но сепак да не влијае врз сонот. Ова значи дека не сакал апликацијата целосно да го разбудува човекот. Таткото на Тајлер, Патрик, бил првиот што ја испробал апликацијата и ја оценил како многу ефективна. Патрик рекол дека разликата била огромна откако го носи часовникот. Тајлер ги продал правата од оваа иновација на инвеститор, па се надева дека оваа придобивка ќе може да ја користат и други.

Автор: Ешли Вирли

Извор



912

X