Со одлучност на лицето, 5-годишниот Камден Хансон, кој живее со невролошка болест што влијае врз неговата способност за движење, ги направи првите чекори и прослави со неговата горда мајка.

Неговата мајка, Менди Хансон, на својот твитер-профил сподели видео од него како оди во дневната соба, при што видеото веднаш стана вирално со над 8 милиони прегледи.

– Мојот најмлад син (5 години) има прогресивна мозочна атрофија и е физички хендикепиран. Исто така, има 10 терапии неделно. Денес конечно направи самостојни чекори – напиша мајката на „Твитер“.

– Кога Камден имаше 18 месеци, забележавме дека има проблем со рамнотежата и дека се труди да оди, но не правеше потези типични за дете. Откако отфрливме многу можности што би можеле да се причината, посетивме локален невролог кој направи МРИ и откри дека станува збор за церебеларна атрофија – вели неговата мајка.

Малиот мозок е оној дел од телото што ги координира доброволните движења како држење, рамнотежа, координација и говор. Во случајот на Камден, секојдневните задачи како формирање реченици, рамнотежа и одење, претставуваат предизвик. Всушност, лекарите и терапевтите рекле дека има мали шанси Камден некогаш самостојно да оди.

И говорот е вистински предизвик за Камден. Пред две години тој комуницирал преку звуци, но сега кажува цели реченици. Неговата мајка вели дека резултатите се поради интензивната терапија и силната волја за вербален развој и одење на нејзиниот син.


Извор



912

X