„Мамо, не сакам да се иселам. Може да останам со тебе засекогаш?“ Дали вашето дете одеднаш ја открило вознемирувачката вистина дека детството не е вечно?
Постојат неколку клучни моменти во детството што нè дефинираат… како кога сфаќаме дека Дедо Мраз не е вистински или како всушност се прават деца.

Или кога сфаќаме дека животот не е вечен, дека сите што некогаш се родиле ќе мора и да умрат или дека всушност не сме Петар Пан, односно дека ќе мора да пораснеме.

Една мајка споделила на „Инстаграм“ еден ваков момент на нејзиниот син Џек, кој сфатил дека нема да може да живее засекогаш со мајка му.

„Џек и јас гледавме шоу на ТВ“, напишала Кејтлин Фладагер. „Тој праша зошто главниот лик не живее повеќе со својата мајка. Јас се обидов да му објаснам дека луѓето се отселуваат од домот на своите родители кога ќе пораснат“. Нејзиниот син не можел да замисли дека некогаш нема да сака да живее со својата мајка.

„Секогаш ќе бидеш моето малечко момче“

фото извор: Инстаграм

Ова видео е потсетник дека деновите се долги, годините се кратки, а децата се деца само краток период. Исто така е потсетник дека и во лошите денови, децата навистина ве сакаат. Следбениците на Кејтлин коментирале дека сочувствуваат со кажаното во видеото. „И јас сум во оваа фаза со моето синче“, истакнала една мајка додавајќи дека „само што сфати што се случи со таткото на Симба во Кралот лав почна да плаче велејќи – Таткото на Симба беше згмечен и е мртов и ќе оди на небото“. Да, тоа е навистина тежок момент за секое дете… и родител!

Друга корисничка вели дека и нејзиниот син се чувствувал како Џек. „Тој ми вели дека нема да се ожени никогаш или да има деца“, додека друга признала „Мојот син не сака да оди на колеџ бидејќи не сака да ме остави“.

„Покажете му го видеото кога ќе биде тинејџер“

 

Како што знаеме, овие моменти од детството се многу убави, но кратко траат. Додека да трепнете, стануваат тинејџери и се оддалечуваат.

„Покажете му го ова кога ќе дојде од тинејџерскиот период и ќе вели дека едвај чека да се исели“, се шегувале следбениците на Кејтлин на „Инстаграм“. Една корисничка додала дека нејзиниот син е ист и не сака да замине…но, заради други причини. „Мојот 4-годишен син ми рече дека ќе остане засекогаш дома бидејќи го хранам… Не од други причини“.

Автор: Џена Мартин

Извор



912

X