Потстрижувањето може да изгледа прилично страшно за децата. Затоа малите деца во салони често плачат, исто како и момчето од виралното видео што кружи на „Твитер“.

Малиот Италијанец не можеше да ги задржи солзите кога седна на фризерскиот стол, па за да го смират, сите фризери во салонот почнаа да пеат.

– Беше многу нервозен поради потстрижувањето, па сите почнаа да пеат за да направат да му биде попријатно – пишува на описот на видеото.

„Добрината на некои луѓе не може да се измери“, „Ова е премногу слатко“, „Момците се одлични, браво“, се само некои од коментарите.

Извор



912

X