Дали ќе имате момче или девојче? Ви претставуваме теории што тврдат дека ќе го предвидат полот на вашето бебе пред да се роди. Но, колку се веродостојни?

Бременоста е прилично возбудлива вест, а прашањето дали е момче или девојче доаѓа многу брзо.

Додека не можете да бидете целосно сигурни додека да го направите вашиот скрининг по 20. недела, постојат многу тестови за предвидување на половите, како и теории што тврдат дека можат да го откријат полот на вашето бебе пред да се роди.

Ги поделивме овие теории во неколку групи:

– тестови базирани на скрининзи
– знаци на телото
– емоционални знаци
– антички графикони
– бабини деветини
– домашни тестови

Во продолжение ќе најдете знаци и тестови што тврдат дека можат да ви покажат дали ќе имате момче или девојче.

Знаци на телото

Некои тестови за предвидување на полот се базираат на тоа што му прави бебето на вашето тело.

Промените на вашата кожа, коса и како изгледа вашиот стомак – се смета дека откриваат дали ќе имате момче или девојче.

Како го носите бебето

Класичен „знак“ за тоа каков е полот на бебето е начинот на кој го носите бебето, односно дали вашиот стомак е многу напред или не.

Некои од мајките се согласуваат со оваа теорија.

– Мојата мајка смета дека може да се каже полот на бебето според тоа како изгледа стомакот. Ако е ниско долу – момче, ако е под вашите гради – девојче – вели една мајка.

Утрински мачнини

Една теорија вели дека може да е девојче ако имате лоши утрински мачнини. Д-р Грета Венкат, директорка на Клиниката за оплодување на Харли Стрит, вели дека хормоните може да ги натераат жените да чувствуваат мачнини ако бебето е девојче, така што нивото на естроген ќе биде зголемено, со што често доаѓа до утрински мачнини.

– Сме виделе многу жени што имаат утрински мачнини и имале момчиња, така што ова не е дефинитивна алатка за идентификација – вели таа.

Промена на кожата и на косата

Некои луѓе мислат дека промените на вашата кожа и коса се индикација за полот на бебето: добивате акни и мозолчиња ако имате девојче, а ако имате момче, вашата коса ќе биде прекрасна.

Големина на градите

Ако левата дојка е поголема од десната кога сте бремени, тоа значи дека ќе имате девојче. Ако вашата десна дојка е поголема, тогаш наводно ќе имате момче.

Боја на брадавиците

Ако вашите ареоли стануваат навистина темни и речиси кафеави – овој тест вели дека очекувате момче.

Темни линии на стомакот

Ако сте ја забележале темната линија на стомакот што оди надолу до папокот, тогаш се смета дека тоа е знак дека ќе имате девојче. Ако се протега и подолу од папокот, тогаш тоа е знак дека ќе имате момче.

Крвен притисок

Верувале или не, оваа теорија вели дека можете да го предвидите полот на бебето 26 недели пред зачнувањето, врз основа на крвниот притисок на мајката.

Извор



912

X