Дали ќе имате момче или девојче? Ви претставуваме теории што тврдат дека ќе го предвидат полот на вашето бебе пред да се роди. Но, колку се веродостојни?

Бременоста е прилично возбудлива вест, а прашањето дали е момче или девојче доаѓа многу брзо.

Додека не можете да бидете целосно сигурни додека да го направите вашиот скрининг по 20. недела, постојат многу тестови за предвидување на половите, како и теории што тврдат дека можат да го откријат полот на вашето бебе пред да се роди.

Ги поделивме овие теории во неколку групи:

тестови базирани на скрининзи
– знаци на телото
– емоционални знаци
– антички графикони
– бабини деветини
– домашни тестови

Следната група се домашните тестови. Постојат неколку тестови што можете да ги направите дома, за кои луѓето велат дека може да ви помогнат во предвидувањето дали имате момче или девојче.

Забелешка: Генерално, единствениот начин на кој навистина ќе дознаете дали имате момче или девојче е денот на породувањето, па затоа најдобро е знаците да ги гледате како забава и да не верувате премногу во нив. Но можеме да се забавуваме.

Тест со сода бикарбона

Овој тест тврди дека користи хемија за да открие дали имате момче или девојче. Сè е поврзано со тоа како вашата урина реагира со сода бикарбона – дали ќе има пенење или не.

Погледнете како се прави тестот со сода бикарбона.

 Teст со рацете

 

Презентерката Холи Вилобоби открива нејзин тест за предвидување на полот. Таа смета дека можете да откриете според положбата на вашите раце кога ќе ги ставите на стомакот.

Ако е девојче, вашите раце ќе заземат заоблена позиција околу стомакот, а ако е момче, ќе одат малку навнатре.

Како подигнувате клуч

За ова ќе ви биде потребен некој што ќе ве набљудува. Основата е во тоа дека ако го земете клучот од кружната страна, ќе имате момче. Ако го земете клучот од тесниот дел, ќе имате девојче. Ако го кренете некаде помеѓу, ќе имате близнаци.

Рефлексологија

Тестот вклучува спојување на стапалата. Кога ќе ги споите, ќе се појави грутка или на левата или на десната нога. Ако грутката е на левата нога, тогаш е девојче, ако е на десната, тогаш е момче.

Извор



912

X