Дали ќе имате момче или девојче? Ви претставуваме теории што тврдат дека ќе го предвидат полот на вашето бебе пред да се роди. Но, колку се веродостојни?

Бременоста е прилично возбудлива вест, а прашањето дали е момче или девојче доаѓа многу брзо.

Додека не можете да бидете целосно сигурни додека да го направите вашиот скрининг по 20. недела, постојат многу тестови за предвидување на половите, како и теории што тврдат дека можат да го откријат полот на вашето бебе пред да се роди.

Ги поделивме овие теории во неколку групи:

– тестови базирани на скрининзи
знаци на телото
– емоционални знаци
– антички графикони
– бабини деветини
домашни тестови

Бабини деветини

Отсекогаш постоела љубопитност околу тоа кој ќе биде полот на бебето – токму и затоа се појавија многу теории и тестови за предвидување дали бебето ќе биде момче или девојче.

Иако не можеме да кажеме колку се точни, можеме да кажеме дека ќе се забавувате додека ги правите.

Начинот на кој лежите

Онаа страна на која легнувате кажува за што носите – ако лежите налево, тогаш носите момче, а ако лежите надесно, тогаш носите девојче.

Teст со нишање ѓерданче

Начинот на кој се ниша ѓерданчето покажува дали е момче или девојче. Ако оди напред-назад, тогаш ќе имате момче. Ако се движи во кружни насоки, ќе имате девојче.

Желба за јадење слатко/солено

Се смета дека ако сакате да јадете слатки работи, тогаш носите девојче, додека оние што јадат повеќе солени јадења во текот на бременоста, носат момче.

Семејна линија

Бидејќи полот на бебето е определен од спермата, некои велат дека анализа на семејството на партнерот е индикација дали ќе имате момче или девојче – особено ако неговите браќа или татко/дедо низ генерациите имале момчиња или девојчиња.

Тест со рацете

Изгледот на вашите раце може да биде показател дали ќе имате момче или девојче. Сувите раце значат момче – меките раце значат девојче.

Друг тест со раката: ако некој ви рече да му ја покажете раката и вие му ја покажете со дланката надолу, ќе имате момче. Дланката нагоре значи девојче.

Броење на птиците

Освен што покажуваат добра или лоша среќа, страчките навестуваат дали носите момче или девојче.

Ако видите 3 – ќе имате девојче, ако видите 4 – момче.

Обликот на вашето лице

Ако вашето лице е позаоблено и полно, тогаш се смета дека ќе имате девојче. Исто така, се смета дека ако вашиот нос почнува да расте и е раширен, тоа значи дека ќе имате девојче и тоа се обидува да ви ја „украде“ убавината.

Мирис на лук

Каснете чешне лук – ако мирисот се појави низ порите, ќе имате момче. Ако не мирисате на лук, ќе имате девојче.

Кој иницирал секс

Ако вие сте иницирале секс вечерта кога сте зачнале, поголеми се шансите да имате девојче. Ако вашиот партнер иницирал секс, тогаш поголеми се шансите да имате момче.

Покачување на тежината на вашиот партнер

Знаеме дека и партнерите можат да се здебелат додека сте вие бремени, но се смета дека ако значително се здебелат, тогаш ќе имате момче.

Извор



912

X