Дали ќе имате момче или девојче? Ви претставуваме теории што тврдат дека ќе го предвидат полот на вашето бебе пред да се роди. Но, колку се веродостојни?

Бременоста е прилично возбудлива вест, а прашањето дали е момче или девојче доаѓа многу брзо.

Додека не можете да бидете целосно сигурни додека да го направите вашиот скрининг по 20. недела, постојат многу тестови за предвидување на половите, како и теории што тврдат дека можат да го откријат полот на вашето бебе пред да се роди.

Ги поделивме овие теории во неколку групи:

– тестови базирани на скрининзи
– знаци на телото
– емоционални знаци
– антички графикони
– бабини деветини
– домашни тестови

Во продолжение ќе најдете знаци и тестови што тврдат дека можат да ви покажат дали ќе имате момче или девојче.

Забелешка: Генерално, единствениот начин на кој навистина ќе дознаете дали имате момче или девојче е денот на породувањето, па затоа најдобро е знаците да ги гледате како забава и да не верувате премногу во нив.

Тестови базирани на скрининзи

Голем број тестови за предвидување на полот вклучуваат преглед на слики направени во текот на вашиот скрининг на 12 недели. Тие вклучуваат:

1. Теоријата цевка на гениталиите

Ова вклучува анализа на вашиот скрининг во 12. недела од бременоста. Поврзана е со тоа како цевката на гениталиите (пред тие целосно да се формираат) е поставена во споредба со ‘рбетот на вашето бебе.

2. Теорија на черепот

Оваа теорија вели дека постои разлика помеѓу тоа како изгледа черепот на момчето и черепот на девојчето во матката. Ако веќе имате слика од скринингот, можете да ја искористите за да ја тестирате теоријата.

3. Три линии

Користењето на оваа метода на скринингот во 20. недела од бременоста е главниот начин на кој докторот гледа дали имате момче или девојче. Всушност, тоа е клучен начин да се каже дали имате син или ќерка.

4. Теорија на Рамзи/Рамзи метод

Теоријата на Рамзи тврди дека има од 97 до 99 отсто точност во предвидувањето дали ќе имате син или ќерка врз основа на тоа каде е поставена плацентата во матката уште во 6. недела од бременоста.

5. Отчукување на срцето

Освен што можете да го видите бебето на скринингот во 12. недела, можете и да го слушнете отчукувањето на неговото срце и да откриете колку е брзо.

Некои од мајките се сеќаваат на брзината на отчукувањето на срцето на нивното бебе – дали е брзо или бавно. Токму тоа укажува дали бебето е момче или девојче.

Извор

Утре: Може ли знаци на телото да покажат дали носите машко или девојче?



912

X