Краткото видео на „Гугл“ наречено „Станување мајка“ е толку моќно.

Низ исцрпувачките и анксиозни веб-пребарувања, влог-клипови и календари со докторски средби, видеото ви овозможува да ѕирнете во реалноста на жените што се борат со неплодност.

Кендис Вул, застапник за плодноста која е прикажана во ова видео, пишува за нејзиното искуство.

– Седум години по ред Денот на мајката за мене беше најлошиот ден во годината. Нешто што воопшто не ми беше на дофат, а комерцијално и социјално беше потсетник од кој не можев да избегам. Сакав да бидам мајка, но имав проблем да станам – пишува таа.

Бидејќи Кендис и нејзиниот сопруг почувствувале дека нивниот приватен живот бил под инвазија од специјалистите за плодност, истовремено сметале дека надворешниот свет не сфаќал низ што поминуваат тие. Така, Кендис пронашла солидарност на интернет.

– Најдов групи за поддршка, блогови и извори. Не бев сама како што си мислев – како и многумина, и јас молчев за мојата борба со неплодноста – вели Кендис.

Низ годините Кендис станала застапник за свесноста за неплодноста и се надева дека зборувањето ќе ги помести бариерите поврзани со неплодноста. Вели дека е возбудена што „Гугл“ ја користи нејзината платформа за да ја пренесе пораката.

– Се надевам дека оваа година уште една личност ќе сфати дека не е сама – вели Кендис.



912

X