Родителите секогаш се трудат да ги воспитуваат децата на најдобар можен начин, без разлика дали имаат синови или ќерки. Иако, генерално, мајката и таткото треба да ги воспитуваат девојчињата и момчињата на ист начин, барем кога станува збор за основните работи, важно е девојчињата да научат некои клучни, моќни лекции за да можат подобро да се снаоѓаат во светот кој е понаклонет кон мажите.
Не дозволувај никој да ти кажува дека нешто не можеш да направиш
Самата одлучуваш за својот живот и не дозволувај никој да ти кажува за што си способна или не. Не дозволувај никој да ти го определува патот кој ќе го одиш, ниту да те сруши.
Милион жени се соочиле со некој што им рекол дека не можат нешто, а тие го направиле токму тоа и станале успешни. Биди како нив!
Биди љубезна, но не и слаба
Не осудувај ги другите само затоа што се поразлични од тебе. Однесувај се кон сите исто и биди сочувствителна. Потруди се секогаш да бидеш љубезна и да им помагаш на другите. Родителите треба да ги учат девојчињата дека љубезноста помага во социјалниот и емоционалниот развој.
Биди силна, но не и груба
Залагај се за себе! Не толерирај лошо однесување или вознемирување од каков било вид. Биди храбра да одиш по она што го сакаш, без разлика колку е тешко. Животот понекогаш ќе те клекне на колена, неуспесите се неизбежни, но стануваш и храбро продолжуваш понатаму. Биди упорна!
Најди ги своите луѓе
Нема ништо подобро од групата искрени пријателки кои те разбираат и те прифаќаат со сите доблести и мани. Кога ќе ги најдеш, чувај ги добро, а пријателствата што не те прават подобра или среќна, прекини ги.

Понекогаш излези од удобната зона
Биди храбра, пробај ново хоби, патувај некаде сама. Ќе научиш нови работи за себе и животот, а тие информации ќе ти бидат од корист.
Живеј сама
Барем еднаш во животот пробај да живееш сама, без семејство, без цимерка или партнер. Тоа ќе ти помогне да разбереш која си без другите и да се запознаеш подобро.
Родителите треба да ги учат девојчињата да бидат способни да живеат сами, да бидат независни и отпорни бидејќи сето тоа им е потребно за да поминат низ различни животни предизвици.
Потруди се да бидеш убава однатре
Девојчињата многу се трудат да изгледаат убаво однадвор и во тоа нема ништо лошо. Но, важно е да се вложи време и енергија во негата на убавината однатре, затоа што надворешната убавина доаѓа кога ќе научиш да се сакаш себеси.
Следи ја својата страст
Истражувај, откривај нови работи и обиди се да разбереш што те возбудува. Без разлика што е тоа, следи ја својата страст и обиди се да најдеш начин да ја вклучиш во својата идна кариера. Не задоволувај се со животот кој ти го наметнуваат другите, туку најди го она што те исполнува.
Вложувај само во луѓето што ти одговараат
Без разлика дали станува збор за пријателства или романтични врски, ќе сретнеш луѓе кои те сакаат поради она што си, но и такви кои нема да те разбираат. Тоа е во ред, само не троши премногу енергија и време на луѓе што сакаат да те променат. Опкружи се со оние што ги слават твоите квалитети.
Сакај се себеси и секогаш ставај се на прво место
Сѐ започнува со почитување и љубов кон себе, тоа е основа за идните врски, кариера, хобија и авантури.
Многу е важно девојчињата на рана возраст да научат да се сакаат себеси бидејќи тоа има огромно влијание врз нивното ментално здравје, отпорност и благосостојба. Вака се поттикнуваат позитивни интеракции и афирмации од родителите во раното детство.
912