Кога Кристин Бауден и нејзиниот сопруг Дакота дознале дека нивната тригодишна ќерка има рак на бубрег, биле шокирани од дијагнозата.

– Кога го слушнав зборот рак од устата на лекарот, само што не паднав на колена. Никој не очекува дека такво нешто ќе го снајде баш неговото дете – рекла мајката.


За да им да даде надеж на другите луѓе што се борат со сличен проблем, мајката Кристин направила серија фотографии од своето девојче Лула Бет.

– Сакав да ја споделам нашата приказна за да им помогнам на другите што се борат со слични предизвици – никогаш да не изгубат надеж и секогаш да го бараат светлото – искрено говорела мајката.


Уште во март минатата година мајката претчувствувала дека тука се крие сериозен проблем, но мислела дека се работи за воспаление на слепото црево или некоја инфекција. Била скршена кога ја дознала дијагнозата. Девојчето морало да оди на операција, а потоа и на 18 циклуси хемотерапија. Кога Лула почнала да ја губи косата, нејзиниот постар брат Коен одлучил да ја поддржи така што ја скратил својата коса. Така настанала емотивна фотографија на која сестричката му ја крати косата на својот постар брат. Мајката раскажала дека девојчето ја завршило терапијата како вистински шампион.

Денес, четиригодишното девојче е здраво. „Коен навистина беше нејзина карпа и светлина низ целото ова патување. Кога Лула дојде до степен кога веќе моравме да ја избричиме нејзината глава, тој не се двоумеше и веднаш побара неговата сестра да ја избричи и неговата глава за да не мора низ тоа да поминува сама. Тој е одличен брат – толку заштитнички настроен и секогаш го посакува најдоброто за неа“.


Мајката споделила и фотографија од споредба – 7 месеци по терапија и 3 месеци во текот на терапијата со порака – „Не губете надеж“. „Како мајка, имате голема потреба да го заштитите своето дете и да му ја одземете сета болка, но со туморот не го можете тоа и тоа е всушност најтешкиот дел. Но, исто така сум и благословена што таа повеќе нема рак и ова искуство ме научи никогаш да не го земам секој ден здраво за готово“.

Автор: Тери Петерс

Извор



912

X