Родители пред градинка што чекаат да си ги земат децата е сосема вообичаена слика. Сепак, една градинка во Тексас има важна порака за сите мајки и татковци: „Дојдовте по детето! Оставете го телефонот!“

„Вашето дете е среќно што ве гледа. Зарем вие не сте радосни што го гледате?  Многу пати видовме деца кои се обидуваат да им ги покажат на родителите работите што самите ги направиле, додека тие зборуваат на телефон. Слушаме редовно довикување на мајките и татковците, а тие не обрнуваат внимание. Оставете го телефонот!“

Мајката Јулијана Фарис се нашла со телефонот пред градинката кога ја видела оваа порака. Решила да ја сподели на Фејсбук. „Ова е одлично. Мислам дека пораката ја погодува поентата. И тоа не треба да биде така само во градинките, туку насекаде“, објаснила таа.

Моментот пред градинката многу брзо поминува, но постојат многу повеќе моменти кога не обрнуваме внимание на детето бидејќи во тоа нè попречува нашиот телефон. Оваа порака претставува повик за будење за сите родители. На објавата што ја споделила оваа мајка се јавиле голем број луѓе што се почувствувале виновни, па решиле да го променат сопственото однесување.



912

X