Познатата блогерка Деван Ферер напиша текст на веб-страницата „Lovewhatmatters“ во кој им се обраќа на сите оние што постојано ги прашуваат жените кога ќе имаат бебе?

Деван објаснува дека иако за некои тоа е само обично прашање, за други може да биде прилично болно и непријатно. Како личност која се борела со неплодноста и имала спонтан абортус, таа добро знае како се чувствувала во вакви ситуации, па ги замолува сите да престанат да им го поставуваат ова прашање на паровите.

Текстот ви го пренесуваме во целост:

Престанете да ги прашувате жените кога ќе имаат бебе!

Денес буквално морав да ги задржам солзите додека усните ми трепереа под заштитната маска (мило ми е што ја носев) кога еден ме праша:

– Кога ќе имате деца? Твоите сестри постојано раѓаат… кога ќе дојде твојот ред?

Се замрзнав и реков: „Кога ќе дојде денот“. За некои, тоа е само обично прашање што им го поставуваат на пријателите и на роднините. Но, за други е многу повеќе.

Тоа е чувство на болка, фрустрација, страв, анксиозност.

Искрено, најголем дел од луѓето се чувствуваат непријатно кога ќе им биде поставено тоа прашање. Постојат многу причини зошто тие сè уште не се бремени.

Дали знаете дека една од четири бремености завршува со спонтан абортус? Болно е кога некој ќе праша: Кога ќе имаш бебе? Имав, но сега е во рајот.

Сте знаеле ли дека една од осум двојки се бори со неплодност? Замислете месец по месец да се обидувате да забремените и некој да ве праша кога ќе имате бебе.

Сте помислиле ли дека можеби сè уште не е дојдено нивното време? Можеби тие очајно сакаат бебе, но знаат дека тајминогт би бил подобар за 1 или 2 години.

Знаете ли дека некои жени не сакаат да имаат бебиња? И тоа е во ред! Но, колку би им било непријатно во ваква ситуација?

Па, како некој што имал искуство со спонтан абортус и се бори со неплодност… ве молам, престанете да го поставувате тоа проклето прашање!

Ако сте загрижени кога и дали вашата пријателка или роднина ќе основа семејство, едноставно мислете на неа. Ако сте личност која се моли, помолете се! Можеби само тоа ѝ е потребно.

Еден месец по објавувањето на текстот, Деван на социјалните мрежи сподели дека е бремена со своето прво дете.

Извор



912

X