Мојот сопруг е еден од најчувствителните мажи што сум ги сретнала. Не се плаши да плаче и често се расплакува дури и на реклами. Кога бев помлада, никогаш не си дозволував јавно да ги изразам моите емоции бидејќи не сакав да бидам гледана како слаба и ранлива личност. Ми се допаѓа тоа што мојот сопруг слободно ги изразува своите емоции и дозволува нашите синови да ја гледаат и неговата емотивна страна. Тој е тип на татко кој на моите 4 сина им е потребен за да израснат во силни, чувствителни мажи полни со љубов.

Токсичната мажественост е фраза која ја слушаме често во изминатите години. Тоа е идејата дека мажот е цврст. Потиснувањето на емоциите или маскирањето на стресот се клучните маркери на токсичната мажественост. Благодарна сум што мојот сопруг ги учи нашите синови дека изразувањето на емоциите е здраво. Таложењето на чувствата и одржувањето на сликата за цврстина во јавноста може да доведе до негативни последици за здравјето и емоционалноста.

Исто така, на дневна основа, ги потсетува синовите дека признавањето дека не знаеш како да сториш нешто и барањето помош е најдобриот начин за да се научи. Не сакам моите момчиња да се плашат да побараат помош.

Мојот сопруг е идеален пример за тоа што значи татко полн со љубов.

Моите 4 сина ќе знаат дека нивниот татко ги сака бидејќи постојано им кажува и им го покажува тоа со прегратки, бакнежи и бескрајно сочувство. Кога ќе пораснат и ќе станат татковци, ќе го следат неговиот пример и ќе ги сакаат своите деца на истиот начин. Да се биде чувствителен значи да се биде и добар слушател, а таков е мојот сопруг. Тој покажува емпатија и се грижи за своето семејство и пријателите. Сум забележала дека остава сè што прави кога зборува со својот татко. Неговото посветено внимание гради одлична самодоверба и кај нашите синови. Да се чувствувате слушнати, значи да си ја зголемите самодовербата и да се изразувате и да споделувате со другите.

Исто така, тој е многу вклучен како татко, сака да поминува време со нашите деца. Кога и да има можност да се вклучи во дневните активности на децата, тој го прави тоа. Бидејќи е отворен со своите емоции, тој се поврзува со своите синови и формира длабоки врски со нив. Знам дека длабочината од односот со татко им ќе им помогне да се обликуваат во прекрасни мажи. Се стремиме кон тоа нашиот дом да биде безбедно место каде што синовите ќе може да ги изразуваат своите емоции, да поставуваат тешки прашања и да знаат дека се длабоко сакани.

Имам голема среќа што имам толку чувствителен маж покрај себе, полн со љубов, кој можам да го наречам свој сопруг и татко на моите деца. Се надевам дека моите момчиња ќе пораснат во чувствителни мажи, полни со љубов и разбирање како и нивниот татко.

Автор: Џесика Либ

Извор



912

X