Мајка ми е личност на која ѝ се восхитувам цел живот. Таа е храбра, одлучна и современа. Внатрешно е цврста како камен, не потклекнува пред никого и ништо, борбена е и добра. Додека надворешно е нежна како цвет од рози, мила, слатка со лик на ангел.
Таа е силата што ќе ме води низ животот, светлината на крајот од тунелот. Таа ме научи да бидам поодговорна и посамоуверена. Ме научи како да ги решам проблемите и да не потклекнувам пред нив. Среќна сум кога ќе можам да ја насмеам и чувствувам топлина секогаш кога ќе ја сретнам. Кога сум болна, таа несебично бдее над мене. Таа е мојата хероина и идол. Но колку и да пишувам, нема да биде доволно за да ја опишам љубовта што ја чувствувам кон неа.
Те сакам, мамо! И благодарна сум ти што ми подари живот.

Стефанија Честојнова
IV в одделение во ОУ „Димката Ангелов-Габерот“, Кавадарци.



912

X