Имате слободно време, цел ден или можеби викенд и не знаете како да го испланирате, а вообичаените места за прошетки во вашиот град ви се веќе видена работа? Родителите на Биби беа досетливи и ѝ смислија интересни патувања низ Македонија. Одлучија дека тој е најдобриот начин за Биби да ја научи својата татковина, која ја сака колку мама и тато.
Илустрациите во книгата се на Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а за графичкиот дизајн се погрижи Кети Пренда.
Изданието го испечати печатницата „Дата понс“.
Велат за да се запознаете себеси, треба да си ја запознаете вашата татковина. Никогаш не е доцна тоа да го направиме и со кој друг ако не со најблиските, со семејството.
– Еј, другарчиња, ова е книга за моите омилени места! Во првиот дел раскажувам за местата што ми се омилени во Скопје и неговата околина, а вториот и третиот дел се дневници од две големи патувања што ги направивме со мама и тато. Отворете ја оваа книга, научете многу нови работи, потсетете се на нештата што ги знаете, патувајте и забавувајте се заедно со мене! – им порачува Биби.
912