Воспитување

Моите деца се безобразни и мразам да им читам пред спиење – правото на мајката да избувне

Сакам само да знаете дека ако сте ми пријател, можете да кажете „моите деца беа безобразни денес“ без да добиете ниту еден поглед со осуда од моја страна. Треба да се чувствувате слободни да можете да кажете: „Сакам да побегнам денес“ – без никаква дилема.

Знам дека се жалам за многу работи околу родителството, но тоа е затоа што одгледувањето деца е најтешката физичка и емоционална работа што некогаш сум ја имала.

Секој ден е нова приказна. Денес спречував расправии, се фрустрирав, го зголемив тонот на обраќање, плачев, давав утеха за плачење, се чувствував виновна, се чувствував среќна, сакана, дадов љубов. Сето тоа во помалку од 24 часа.

Тешко е. Тешко е за сите нас. Цело време се прашуваме дали ќе згрешиме. Па зошто да не бидеме искрени за тоа?

Зошто да ја немаме слободата да кажеме: „Едноставно не можам да се справувам со подготовката на вечерата денеска и помислата на читањето приказни на децата прави да посакам да си ги извадам очите“.

Сакам да знаете дека со мене можете да го кажете тоа и јас никогаш нема да помислам дека не ги сакате вашите деца или дека не го цените она што го имате.

Оставете ги настрана сите перфекционистички ставови и реченици од типот: „Леле, моите деца се благослов 24/7“.

Не значи дека не ги сакаме нашите деца, не значи дека не сме благодарни ако некогаш едноставно избувнеме – и тоа ни е дозволено. Бидејќи знаете што е уште потешко од огледувањето деца? Преправањето дека не е тешко.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top