Мајка која призна дека е горда на својот син затоа што удрил друго дете кое се обидело да го малтретира предизвика голема дебата на социјалните мрежи.

Објавата на Лора Мази од Мелбурн, Австралија, за брзо време стана вирална кога таа го сподели нејзиниот став на „Инстаграм“. 33-годишната мајка, која има три деца, истакна дека многу добро знае дека насилството не е одговор, но кога станува збор за насилниците, потребно е човек да им се спротивстави.

– Мојот син денес удри друго дете. Ми рече дека морал да дежура во дворот. Постојано го прашував зошто, а тој не сакаше да каже; рече дека нема да му верувам. На крај ми призна дека наставничката не му верувала бидејќи другото дете се преправало дека тоа е повреденото – ја почнува својата исповед оваа мајка.

– Не мислам дека моите деца се ангели или деца што не прават грешки, но кога станува збор за мојот син, знам дека тој е дете кое нема намерно да удри некого или да малтретира. По природа е мирен. Во овие шест години колку што го познавам, никогаш не сум била сведок дека тој провоцирал некого. Ако некој ми кажеше дека тоа го направила мојата ќерка, тогаш ќе беше друга приказна. Му реков: „Ако ми ја кажеш вистината, нема да имаш проблеми“. Потоа тој ми се отвори. Ми кажа дека другото момче го удрило, а кога мојот син му рекол да престане, го турнал и избегал.

Го прашав: „Во ред, а потоа што направи?“

Го бркав и го удрив по лицето за да повеќе никогаш да не ме малтретира. Знаев дека наставничката нема да направи ништо, така што морав некако да го запрам неговото малтретирање – ми рече син ми. Му се заблагодарив што беше искрен и разговаравме за различни начини како може да се справи со некој проблем без насилство.

Дали бев горда? Да, малку. Знам дека насилството не е одговор, но и знам дека кога станува збор за силеџии, мора да им се спротивставиш. Мило ми е што се спротивстави. Жал ми е што не бев таму да го заштитам и што го изневерија возрасните, но драго ми е што се одбрани бидејќи мене како возрасна личност тоа и понатаму ми е една од најтешките работи. Сакам моите деца да знаат дека негативецот не победува. Какви се вашите размислувања за ова? – заврши мајката.

Инстаграм-корисниците што ја прочитаа нејзината објава главно ги поддржаа нејзините ставови и коментираа дека детето добро се снашло. Но, имаше и такви што воопшто не беа импресионирани.

– Одлично! Малиот одлично се снајде, а се снајде и ти. Некои деца ги поместуваат границите и никогаш не ги гледаат последиците од нивното однесување. Искрено, би бил горд на својот син кога би го направил истото. За жал, некои наставници не помагаат секогаш за доброто на децата – се коментарите.

Други родители велат дека не им се допаѓа поттикнувањето на насилството и дека детето требало да ѝ каже на наставничката што се случило.

– Како можел да знае дека наставничката не направила ништо? Децата често чувствуваат, но тоа не мора да биде така – заклучува еден интернет-корисник.

Извор



912

X