За оваа мајка е важно да го научи нејзиниот син да има граници, а не да споделува работи со секој што ќе го сретне.

Фејсбук-пост на една мајка стана вирален поради нејзиниот необичен став во врска со тоа дали децата треба да даваат играчки. Во нејзиниот пост, Аланја Колберг раскажува за неодамнешниот инцидент што го имала заедно со нејзиниот син Карсон во паркот, и тврди дека нејзиниот син не е обврзан да им дава играчки на другите деца.

– Кога стигнавме во паркот, на Карсон веднаш му се приближија 6 момчиња барајќи му ги играчките. Тој видливо беше вознемирен и ги стегна играчките на градите кога момчињата почнаа да ги допираа. Ме погледна. Секако, кога тој рече не, момчињата истрчаа кај мене за да ми кажат дека не сака да ги даде играчките. Јас им реков: „Не мора да ви ги дава играчките. Рече не. Ако сака да ги даде, ќе ги даде“.


Нејзините зборови предизвикаа прекорувачки погледи од страна на другите родители. Но, Колберг го објаснува својот став: – Ако јас како возрасна личност дојдам во паркот јадејќи сендвич, дали треба да го поделам сендвичот со непознати во паркот?

Додека ми давате лоши погледи, мислејќи дека јас и син ми сме невоспитани, чии манири недостигаат овде? Личноста што не сака да им ги даде своите три играчки на шест непознати или шесте непознати лица што бараат да им биде дадено нешто што не им припаѓа, дури и кога на сопственикот му е непријатно? Целта е да ги научиме децата како да функционираат како возрасни. Додека познавам возрасни што никогаш не научиле да делат работи како деца, знам многу повеќе луѓе што не знаат да кажат „не“ или не знаат да постават граници. Вклучувајќи ме и мене.

Таа завршува со следните зборорви: – Следниот пат кога вашето дете ќе истрча кај вас вознемирено бидејќи друго дете не сака да му даде играчка, ве молам сетете се дека не живееме во свет каде што е корисно да ѝ дадете сè што имате на друга личност само затоа што другата личност вели дека сака да има нешто ваше, така што нема да го учам моето дете дека тоа е начинот на кој функционира светот.

Што мислите за ставот на оваа мајка?



912

X