Како и со сè друго, и во родителството постојат трендови. Добро е кога тие се засноваат на наука и на она што го учиме за децата преку истражување и искуство. Се разбира, трендовите не треба слепо да се следат, но дефинитивно треба да го искористиме од нив она што мислиме дека може да нѐ направи подобар родител.

Еден од поновите трендови на странските веб-страници се квизовите кои на мајките треба да им покажат на кој тип родител припаѓаат. И резултатот може да ги смести во една од трите категории: свилени-мајки, кранчи-мајки, скранчи-мајки.

Сигурно се прашувате за каква нова поделба станува збор и што тие претставуваат?

Кранчи-мајка

Ако го побарате зборот „crunchy“ во англискиот речник, ќе најдете: „напорно досадна личност кога станува збор за темите здравје и екологија“.

Во овој контекст, зборот опишува некој кој донекаде е опседнат со здравјето. Овој вид мајки се еколошки свесни, ги преиспитуваат работите и немаат проблем да прават неконвенционални работи ако мислат дека така е подобро.

Вообичаено, овие мајки:

  • користат платнени пелени;
  • исклучиво дојат;
  • го приготвуваат секој оброк за своите деца;
  • се трудат на децата да им даваат органска храна;
  • не дозволуваат децата да јадат грицки и слатки (или ретко);
  • купуваат природна козметика и препарати.

Но, тие честопати се предмет на потсмев.

Свилени мајки

Ова е нов вид. Свилената мајка е таа што избира модерни форми на родителство и секогаш се држи до медицината и науката.

Овие модерни мајки со задоволство ги користат сите производи на модерниот живот. Тие:

  • избираат пелени за еднократна употреба и влажни марамчиња;
  • секогаш посегнуваат по фармацевтски производ, а не традиционален лек;
  • ги учат децата да спијат цела ноќ;
  • користат готови кашички;
  • користат вештачко млеко;

Скранчи-мајката е златна средина

Ако не се вклопувате во ниту еден од овие два типа, квизот ќе ви каже дека сте скранчи-мајка. Тоа се оние мајки што не припаѓаат на ниту еден од споменатите два типа, туку се некаде помеѓу. Оваа мајка истовремено одлучува да дои, но не приготвува само органски оброци за своето бебе. Таа е флексибилна и не ѝ е проблем понекогаш да го избере полесното решение.

Родителството денес е покомплицирано од кога било, и кој метод и да го одберете, вашите деца ќе имаат најголема корист од вашето добро здравје – и ментално и физичко.

Извор



912

X