Издвојуваме неколку серии што вреди да ги гледате затоа што покажуваат колку се неверојатни мајките.

„Workin’ Moms“

Оваа серија може да им помогне на сите мајки да се чувствуваат помалку осамени на овој свет, како и да ги насмее со сите авантури што ги поминуваат овие зафатени жени. Серијата следи четири мајки од Торонто кои се враќаат на работа по породилното отсуство. Покрај тоа, се прикажани добрите, лошите, страшни и комични страни што доаѓаат како резултат на нивното усогласување со мајчинството, врските, пријателствата и желбата секој ден да се истушираат. Тие, исто така, се справуваат со вистински проблеми низ кои поминуваат многу мајки, како што е постнатална депресија, балансирање на невозможното и доживување сексизам на работното место. Мајките од серијата ги прикажуваат жените и мајките исто како што се – многу повеќе од овие две улоги што им се доделени.

„I’m sorry“

Навидум самоуверена писателкa, сопруга и мајка, ја изразува својата внатрешна незрелост и неврози во неочекувани животни ситуации на комичен и забавен начин.

„Better Things“

Памела Адлон ја глуми Сем, самохрана мајка која одгледува три ќерки, секоја со тежок карактер, што дополнително ѝ ја отежнува работата. Сем е актерка која не сонува за слава во Холивуд, но се обидува да ја фати секоја работа што ѝ се нуди, додека истовремено брза од една лоша врска (или краткотрајна романса) во друга.

„The Letdown“

Ова е серија за сите тешки, но и убави моменти со кои се соочуваат новите мајки веднаш по породувањето. Од биолошки и физички промени на вашето тело, менталната и емоционалната состојба до врски со пријатели, сопружници, родители и семејство.

„Motherland“

Ова е серија за мајки и за нивните проблеми. Ќе ја запознаете „алфа мајката“ Аманда, која е „кралица на мајките“. Сè е организирано, чисто и светло. На другиот крај е Лиз, која е целосно хаотична и верува дека децата треба да уживаат во слободното изразување. Некаде на средина е Џулија, која постојано ги заборава училишните празници и која ќе сфати дека нејзините организациски вештини не се ни приближни до тие на „алфа-мајката“.

„Big Little Lies“

Субверзивна драма со црн хумор ја раскажува приказната за три мајки чии навидум совршени животи се распаѓаат до точка на убиство. Серијата е базирана на бестселерот на „Њујорк тајмс“ на писателката Лијана Моријарти.

„Catastrophe“

Американец доаѓа на службено патување во Лондон и поминува ноќ со една посебна Ирачанка. По некое време добива повик од неа, а остатокот е историја. Што се случува кога ќе земете романтична комедија и правите сè што е спротивно на правилата на романтична комедија? Катастрофа! Но, многу забавна за гледање.

Извор



912

X