Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Имам 9-годишна ќерка и имаме сериозен проблем со воспитувањето и однесувањето. Многу е нервозна и сака секогаш да е по нејзино. Не прави разлика во однесувањето било да сме на гости било на улица, често ни враќа, презборува и излегува од соба, па се заклучува во бањата. Пробавме со казни (одземање на мобилниот, неодење кај другарки итн.). Секоја казна ја издржува без проблем, потоа пак продолжува со истото. Ве молам да ни дадете совет како да постапиме. Да нагласам дека е сама нема братче/сестриче.

ОДГОВОР: Понекогаш ни се чини дека постојат деца кои се многу покомплексни, предизвикувачки и тешки за воспитување и регулирање на нивниот темперамент и карактер, но вистината е во тоа дека не постојат тешки или лесни деца за воспитување, туку постојат различни темпераменти на личности кои во зависност на доминантната црта, дали екстровертна или интровертна, така и се однесуваат и го афектираат светот во нив и надвор од нив.

Многу често во родителството се јавуваат и ќе се јавуваат прашања и несигурности кои бараат одговор и кои бараат да ја нахранат родителската самодоверба со цел да му обезбедат на родителот соодветни механизми и вештини во односот со своето дете. Затоа ве советувам да се обратите на родителско советување кај стручно лице психолог и да ги зајакнете вашите сили, а и да го адресирате проблемот во однесувањето на детето.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Хармоничен свет“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.



912

X