Игротека

Младите и талентирани ѕвезди од „Дајте музика“ со најзабавен концерт на планетата во „Ист гејт мол“

За последниот викенд од најкраткиот месец од годината, „Ист гејт мол“ подготви ексклузивно изненадување – долгоочекуваниот музички концерт на младите и талентирани ѕвезди од „Дајте музика“.

Влезот за концертот ќе биде бесплатен, а сите обожаватели на „Дајте музика“ со своите пријатели и семејства в сабота (26.2.2022), од 12:30 до 13:30 часот се поканети на оваа музичка манифестација во „Ист гејт мол“, која ќе се одржи кај отворениот надворешен простор кај ресторанскиот дел во рамките на шопинг-центарот.

Овој викенд сите посетители на „Ист гејт мол“ ќе имаат единствена можност да ги слушнат и видат во живо младите талентирани ѕвезди од познатата емисија, како големите така и малите старомаалци, кои ќе ве забавуваат со нивните добро познати хитови, како и песната „Green Forces“ со која нѐ претставија на јуниорската Евровизија во Париз.

Фокусот на „Ист гејт мол“, покрај отворените врати на најголемиот шопинг-центар од европски ранг со квалитетна содржина за шопинг, забава и уживање во голем број сегменти, како мода, технологија, здравје, лична нега и убавина, декор, кулинарство и други, е секогаш да го задоволат секое очекување, секоја желба, секој вкус, секое барање, на секој посетител.

Февруари, како месец на специјални настани и попусти во „Ист гејт мол“, продолжува со најбогатата палета на понуди од голем број модерни и урбани брендови во земјата и регионот. 250 продавници со безброј шопинг-приказни и диверзифицираниот кулинарски сегмент се секојдневно достапни за урбаните ликови, кои се решителни и секогаш подготвени за уживање во добрата храна, освежување на својот спортски моден стил со нов сет на спортска облека и опрема, промена на зимскиот декор дома со нови парчиња украси со пролетен шмек, нурнување во добра фикција или автобиографија од неограничениот избор на книги во „Ист гејт мол“, одбирање цветен аранжман и слатки чоколадни задоволства за роденденски подарок за саканите, дијаманти и накит за специјалните моменти во животот – и сето тоа достапно на 5 нивоа со широки и пространи коридори и пријатна и комфорна атмосфера.

„Ист гејт мол“ те сака.
Ти си центар.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top