Шенон Мејор станала вирална на „Тик-ток“ откако покажала колкава е цената за породување во САД. Есента 2020 дала отказ и почнала сопствен бизнис. Набрзо дознала дека е бремена, па го побарала најдоброто можно осигурување што постои. „Да бидам искрена, беше стресно да се бара и да се менува осигурувањето. Во САД тоа е многу комплицирано прашање. Не е лесно да се сфати која е за вас идеална опција и ако не сте добро упатени, лесно е да погрешите“, раскажала Шенон во интервју за „Инсајдер“.

Една недела поминала во приватна соба во болница и била воодушевена од односот на лекарите и сестрите, како и од грижата што ја добиле таа и бебето. Потоа примила сметка со износ од 50.816,02 долари. Тој износ го покрила осигурителната куќа, а Шенон морала да плати само 250 долари.

„Кога ќе размислите за тоа се прашувате кој има 50 илјади долари и може да си дозволи породување?“, додала Мејор реагирајќи на сметката, која ја изненадила. „Бев благодарна што имам осигурување. Многу луѓе во оваа земја ја немаат таа среќа“, истакнува таа.

Видеото има 8,4 милијарди прегледи, а износот изненадил многу лица. „Врати го детето“, „Следен пат роди дома“, „Во Сингапур ти плаќаат да родиш“, „Некои сојузни држави забрануваат абортуси, а наплаќаат породување“ – ова се само дел од коментарите, додека Европејците изразиле задоволство што не живеат на тој континент. „Во Велика Британија и во Шкотска раѓањето е бесплатно и уште ти испраќаат кутија со корисни работи. Затоа сум благодарна што живеам во Европа“, вели една читателка.

Има и полоши примери од оној на Шенон. „Моето бебе беше еден месец на одделот за неонатална интензивна нега и сметката изнесуваше 300 илјади долари. Ја фрлив в ѓубре, како им изгледам, како Бил Гејтс?“, напишала Тајлер Литен.

@shannonmayor

I wasn’t expecting the total to be that high ? #hospitalbirth #fyp #bills

♬ Wii – Mii Channel – Super Guitar Bros

Извор



912

X