Без разлика дали имаат совршена фризура кога ги оставаат децата во градинка, школо или на воншколски активности или секогаш имаат совршено организирани роденденски прослави – некои мајки се чини дека 24 часа на ден се присебни и совршени. Факт е дека никој не е совршен, но илузијата на беспрекорност дефинитивно прави некои жени да чувствуваат дека на некој начин потфрлиле. Но во што е работата: Ако се идентификуваш како неуредна мајка, не си сама
Токму поради тоа, фесјбук-објавата на мајката Даниела Силверштејн, која заедно со Фарах Милијавски го води блогот Where The Eff Is My Handbook, стана вирална. Едноставно со неа може да се поистоветуваат поголем дел од нас.
Не мислам дека „добра мајка“ и „да ги држиш сите конци в рака“ се синоними, ниту едното е одраз на другото. „Ок, еве целосно разоткривање: Јас навистина сум неуредна мајка. Константно сум 5 чекори зад она каде што би требало да бидам во светот на одговорните возрасни личности. Навистина. Ниеднаш не сум помислила: ‘Боже, мислам дека конечно го сфатив ова родителство! Не, ниеднаш’“, напишала Даниела и додала дека се смета себеси за добра мајка, но знае дека никако не ги држи сите конци в рака.
– Но, и тоа е во ред. Што всушност значи неуредна мајка? Јас сум онаа мајка што не ги мие садовите навечер пред да си легне. Ги мијам тогаш кога се занимавам со садовите. Јас сум онаа мајка што ги зема детските алишта од сушилницата наутро зашто ништо не ми е здиплено и спремно. Јас сум онаа мајка што одвреме-навреме пропушта роденденска забава или договорена средба затоа што сум заборавила да ги запишам во календарот. Јас сум мајка што вреска цело утро за најпосле да ги извлечам децата од дома бидејќи доцниме. Јас сум онаа мајка што понекогаш им дозволува на децата да гледаат телевизија колку што сакаат само затоа што не сакам да се карам и треба да завршам неколку работи во мир. Ја сум онаа мајка што има купишта листови хартија, книги и проекти низ кои би требало да помине и секој ден велам дека ќе се позанимавам со нив, но никако да го направам тоа“.
Но, покрај сето ова, таа е и мајка чии деца се сигурни и среќни, во чиј дом има многу љубов и смеење. Мајка која навива за своите деца и им е најголем обожавател, мајка која постојано се труди да им покаже на своите деца дека се прифатени без оглед на сè, мајка која секаде ги носи своите деца и сака да имаат најубави спомени и мајка која сака да биде мајка.
– Дефинитивно сум неуредна мајка, ама по ѓаволите, сè уште сум неверојатна. Колешки мои, неуредни мајки…, сите сте неверојатни – заклучува на крајот.
Дека оваа објава им е толку позната на другите мајки, покажува фактот дека е споделена над 4.000 пати и дека има 100 коментари од мајки што ја сфаќаат нејзината порака. Вистината е дека сè што може да направи една мајка е да даде сè од себе, но ниеден родител на е совршен.