Жена, која отсекогаш сонувала да стане мајка, сфатила дека згрешила. Откако го запознала својот партнер, кога имала 20-ина години, одлучила да има три деца до нејзината 30-та година. Но, сега, според нејзиното признание, таа е себична и преокупирана со себеси.

Иако ги сака своите деца, свесна е дека не е одлична мајка.
– Никогаш не бев онаа мајка што сака да игра со своите деца. Кога беа помали, играв со нив колку што можев, но тоа ме правеше раздразлива – вели таа и додава дека се фрустрира секојпат кога децата ќе побараат нешто од неа.
– Едноставно немам трпение за нив. Мислев дека тоа ќе се промени како што растат, но не се подобри – објаснува таа. Покрај тоа, секоја вечер во 20:30 часот таа ги брка децата во нивната соба за да може да биде сама и да гледа телевизија на мир.
– Децата знаат дека не треба да ме вознемируваат, а јас знам дека тоа е себично од моја страна – вели мајката.
Таа вели дека сака да го промени нејзиното однесување бидејќи не сака децата да го гледаат нивниот татко како забавен родител, а неа како себична мајка, но не знае како да почне со таа промена.