Сите како деца сме биле љубопитни и сме сакале да го пробаме она што го консумираат возрасните – најчесто тоа било кафе.

Во следното видео неколку деца зборуваат за нивните искуства со пробувањето кафе. Не грижете се, за време на снимањето е користено бескофеинско кафе.

Дечињата со поделени мислења – некои се воодушевени од неговиот вкус, па дури соопштуваат дека пробале и други „забранети“ пијалаци за деца, како што е „кока-кола“. Други, пак, не можат да го поднесат вкусот на кафето и велат дека не им се допаѓа.

„Кафето е лошо за мојот јазик“, „Кафето ги држи возрасните будни бидејќи има лош вкус“, се дел од коментарите на децата. Голем проблем за нив е и што сметаат дека возрасните не сакаат да играат со нив додека не го испијат првото кафе наутро, па тоа очигледно им предизвикува револт на дечињата.

Во секој случај, нивните реакции се духовити и интересни и сигурно ќе ви го задржат вниманието.



912

X