Според истражувањето објавено во швајцарското списание „Фронтиерс ин психолоџи“, мирисот на новороденото бебе има исклучително силен ефект врз мозокот на возрасните, предизвикувајќи интензивно чувство на задоволство, споредливо со она што го доживуваат зависниците од психоактивни супстанции.
Сепак, оваа карактеристика на мирисот на новороденчето исчезнува по шест недели од раѓањето. Иако научниците сè уште не го разјасниле молекуларниот состав на овој мирис, се претпоставува дека тој, меѓу другото, доаѓа од молекулите присутни во плодовата вода, кои ја штитат кожата на плодот за време на бременоста.

И покрај тоа што бебињата се темелно капени веднаш по раѓањето, трагите од овие молекули остануваат на нивната кожа и коса во првите шест недели од животот. Овој мирис има моќен ефект врз возрасните, предизвикувајќи чувство на длабока среќа и задоволство.
Оваа хипотеза била потврдена со експеримент во кој учествувале 30 жени. Тие ги помирисале ќебињата на новороденчињата, а прецизните уреди покажале зголемена активност на деловите од нивниот мозок одговорни за чувството на задоволство, без исклучок кај сите учесници.
912