Здравје

Министерство за здравство: Имаме уште 10.203 деца до 14 години што не се вакцинирани за морбили

Министерството за здравство информира дека вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП-вакцина, од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) во целата држава изнесува 32.653. Од нив, 16.082 деца се вакцинирани на територија на град Скопје, додека, пак, 16.571 дете се вакцинирани во останатиот дел од државата.

Во текот на минатата недела (од 6 јули до 12 јули) се пријавени 11 сомнителни случаи на заразени со морбили. Од нив 10 случаи се класифицирани како мали сипаници, што покажува намалување од 30 проценти во споредба со минатата недела. Од вкупниот број пријавени случаи седум се од Скопје, а останатите тројца од Куманово.

Според вакциналниот статус, девет од регистрираните случаи се невакцинирани, нецелосно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Оваа недела не се регистрирани нови случаи на мали сипаници кај здравствени работници.

– Во целата држава остануваат уште 10.203 невакцинирани деца на возраст до 14 години. Потребно е да се засили спроведувањето на вакцинацијата, особено на предучилишните деца надвор од Скопје, каде што од вкупно 19.494 невакцинирани досега се вакцинирани само 11.130 деца – велат од Министерството.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top