Воспитување

Милионер споделува како ги учи децата да станат богати: Не сакам да заработуваат пари

Дерик Феј имал тешко детство. Тој пораснал во сиромашно семејство и бил одгледан од самохрана мајка. Токму тоа бил неговиот мотив да си обезбеди подобра иднина за себе. Сè што научил до денес, кога има милиони на сметката, сака да им го всади како знаење и на своите деца.

„На децата не треба да им се даваат пари ако извршат некоја домашна работа. Не сакам да научат како да добијат пари ако прават нешто. Не сакам да заработуваат пари, сакам тие да ги создаваат“, рекол Дерик во еден поткаст.

Како пример, тој ја навел седумнаесетгодишната ќерка која сакала да му купи на своето момче патики кои чинат 350 долари.

„Јас ѝ реков дека нема да ѝ дадам пари за таков подарок бидејќи има орман полн со патики што јас ѝ ги купив. Ја советував да посети продавници што откупува чевли, па да види дали може да ја собере таа сума на пари. Ѝ дадов триесет дена рок, за да создаде профит од 350 долари. Така таа нема да мора да ми ги враќа парите што јас би ѝ ги позајмил“, објаснил тој.

Што се обидува да постигне?

„Ги учам децата да создаваат богатство, а не да бидат работници кои работат од 9 до 17 часот, па да мора да извршат одредена задача за да дојдат до пари“, заклучил тој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top