Воспитување

Мила Царовска го испрати синчето на училиште. „Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила“, му порача

Утринава министерката за образование и наука Мила Царовска заедно со својот сопруг го испрати синот Давид на првиот училиштен час во трето одделение. Таа во својата објава на „Фејсбук“ напиша:

„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не вади ја маската, држи растојание од другарчињата и често миј ги раце, му порачав на син ми Давид, кој денеска започнува трето одделение. Ова е мојата порака и до сите деца што денеска седнуваат во училишните клупи. Бидете внимателни, заштитете се себеси, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, Ковид-19 ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно!“

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top