Мила Јовович, 43-годишна актерка, неодамна откри еден детаљ од својот семеен живот со кој ги изненади родителите низ светот. Имено, Мила гостувала во емисијата на Венди Вилијамс, а водителката ја прашала дали таа и нејзиниот сопруг Пол и понатаму спијат со децата во ист кревет.

Прашањето произлезе од една нејзина изјава од 2015 година кога кажа дека спие со нејзините деца.

Инаку, Мила е мајка на две девојчиња, 11-годишната Евер Габо и 4-годишната Дашиел Едан, и намерно купила огромен кревет за целото семејство да може да спие во него. На чудење на водителката, но и на публиката, Мила констатирала дека 95 отсто од семејствата низ светот спијат заедно.

Фото: Instagram/Printscreen

– Зборувам за земји како Тајланд, Индонезија, Африка… Луѓето спијат заедно и тоа им одговара, како и нам – објаснила таа.

Публиката и понатаму била зачудена поради фактот што толку возрасни девојчиња спијат со родителите.

– Пол е режисер, а јас актерка. Кога работиме заедно, често тоа го правиме по 15 часа дневно. Тоа значи дека единствено навечер имаме време за децата – вели Мила и открива дека постарата ќерка „се заканила“ дека наскоро ќе почне да спие во кревет во нејзината соба.

– Ебер брзо расте и е сè повисока и постојано ни се заканува дека ќе се повлече во својата соба. Но, брзо се премисли бидејќи знае колку сме осамени без неа – вели Мила.

По изјавата следуваа прашања од публиката за тоа како таа и Пол ги одржуваат страстите во бракот кога креветот го делат со децата.

– Секоја недела имаме една вечер само за себе. Тоа е петок, кога одиме на вечера, па во хотел, па се занимаваме со „работи за возрасните“ – вели Мила. Таа на крајот заклучила дека нејзина најголема инспирација се мајките од земјите од третиот свет.

– Сметам дека врската помеѓу мајката и децата е многу посилна во земји што се посиромашни. Нема електрични уреди, нема фенси детска опрема, само мајката која секаде со себе ги носи децата, го дели креветот со нив, а сосетките ѝ помагаат кога е потребно – заклучува таа.



912

X