Мик Џегер, кој е татко на осум деца, споделил дел од лекциите што ги научил за родителството. 80-годишниот пејач во неодамнешно интервју за „Гардијан“ вели дека неговиот пристап кон татковството се менувал со текот на годините.

Неговите деца се на возраст од 52 до 6 години. Тој го доби својот најмлад син Деверо во 2016 година.

„Малку излегувате од пракса, тоа не е како возење велосипед“, рекол тој.

Фронтменот на „Ролинг стоунс“ истакнал дека уживал да ги гледа неговите деца како развиваат нови страсти додека растат. Сепак, тој признал дека имало неколку моменти во животот на неговите деца кои ги пропуштил поради напорната кариера.

„Децата имаат свои личности и можеш да ги обликуваш до одреден степен, но гледаш што им се допаѓа и што не им се допаѓа и ги поттикнуваш да го прават она кон што гравитираат. Забавно е да имаш деца, на која било возраст. Но, ако работиш и си отсутен, не можеш да уживаш толку многу“, додал тој.

Џегер рекол дека најмногу можел да му посвети на своето најмало дете, особено поради изолацијата (ковид-19), што го спречувала да работи со бендот цели две години.

Покрај Деверо, Џегер има седум деца од претходните врски. Во 1970 година го добил своето прво дете, 52-годишната Карис, со актерката Марша Хант. Следната година Бјанка Џегер ја родила ќерката Џејд (51). Тој ги дели ќерките Елизабет (39) и Џорџија Меј (31) и синовите Џејмс (38) и Габриел (25), со актерката Џери Хол. Во 1999 година тој и манекенката Лусијана Гименез Морад го добиле синот Лукас (24).

Извор



912

X