Односот меѓу мајката и ќерката е еден од најсериозните во животот на секоја жена.

Познатиот психолог Михаил Лабковски укажува на главните грешки што ги прават повеќето мајки, иако се чини дека сите го прават тоа…
Во овој напис ќе разгледаме 10 главни грешки што ги прават родителите во комуникацијата со своите ќерки!
Односот мајка-ќерка е еден од најсериозните во животот на секоја жена. Начинот на кој мајката се однесува кон девојчето во раното детство и подоцна во периодот на созревање влијае врз неговата судбина! Улогата на родителот во воспитувањето на децата е болна тема за многу родители, што не изненадува.

1. Отсуство на личен пример

Наместо на својата ќерка да ѝ кажете: „Мораш да научиш да готвиш“, би требало да кажете: „Ајде заедно да направиме вкусна супа“. И направете го тоа! Кога девојчето ќе види како мајката со задоволство го прави тоа, и самото ќе сака да научи.

2. Обвинувачки став кон сексот

Ако од детството на девојчето му се сугерира обвинувачки став кон мажите и дека ним „само едно им треба“, тоа расте со чувство дека сите мажи се насилници, а дека сексот е нешто одвратно!

3. Парадоксална противречност

Божем сексот е валкана работа, но на секоја девојка ѝ се сугерира да се омажи и да роди дете, најдобро до 25-тата година. Резултатот од таквите противречни насочувања е страв од секаков однос.

4. Пренагласена грижа

Ако мајката премногу се грижи за ќерката додека е мала, таа ќе израсне во деформирана личност без сопствено мислење, со кое околината ќе може да манипулира без никаков проблем.

5. Негативен образец за таткото

Ако на ќерката ѝ се зборува дека татко ѝ е „будала“, таа ќе се чувствува виновно што таков човек ѝ е татко. Со ова чувство на вина жената не може да се носи целиот живот, па се обидува на сите да им угоди и да им докаже дека во неа нема лошо наследство.

6. Физичко насилство

Телесното казнување ги понижува девојчињата повеќе отколку момчињата. Ако родителите ги тепаат девојчињата, тие ќе пораснат со склоност кон образец на жртва и ќе одбираат агресивни партнери.

7. Недоволно пофалби

Ако девојчето е недоволно пофалувано, ќе порасне без чувство на љубов кон себе и не ќе може да биде рамноправен партнер во односите.

8. Кавги пред детето

Кавгите во присуство на децата се удар врз нивното ментално здравје. Не треба да се заборави дека детето често презема одговорност за сè што се случува во семејството.

9. Отсуство на комуникација

Ако малку се разговара со ќерката, ако не се одговара на нејзините глупави прашања, особено во периодот на адолесценција, таа губи контакт со родителите и се чувствува напуштено. Затоа, никогаш не е доста од разговор кога станува збор за воспитување деца.

10. Неправилен поредок во животот

На ќерката не смее да ѝ се зборува дека нејзиниот живот задолжително треба да содржи некои ставки како брак, деца, губење килограми, некоја одредена работа… треба само да му се сугерира дека има право да се занимава со што сака. Само во тој случај ќе порасне во среќна жена која е сигурна во себе!

 



912

X