Игротека

Михаил Лабковски: Губиме сила кога велиме „да“ наместо „не“

Познатиот руски психолог Михаил Лабковски опишал 29 ситуации во кои ја губиме или ја добиваме силата.

Силата ја губиме кога:

– Велиме „да“ додека сакаме да кажеме „не“.
– Се насмевнуваме, наместо да плачеме.
– Не се одмараме.
– Се тераме себеси да истрпиме уште малку наместо да се запрашаме: „За чие здравје го толерирам тоа?“
– Се навредуваме наместо да кажеме што ни пречи.
– Не се занимаваме со својата работа.
– Некој не ни е интересен, а ние од некои измислени причини продолжуваме да комуницираме со него.
– Остануваме со луѓе што на сè гледаат негативно.
– Постојано зборуваме за политика, сметки, метеж во сообраќајот итн.
– Озборуваме.
– Често и со многу емоции зборуваме за тоа како живеат другите.
– Работиме неинтересна, здодевна работа.
– Се плашиме.
– Чекаме некој да дојде и да ни го промени животот (Дедо Мраз, принц на бел коњ, Рокфелер).
– Се критикуваме себеси, сметајќи се за безвредни, неспособни, несреќни.

Лабковски: „Како што ќе му се обраќате на детето во детството, така тоа ќе ви се обраќа на старост“

Сила добиваме кога:

– Запознаваме нови луѓе.
– Стекнуваме нови знаења.
– Патуваме.
– Ги надминуваме своите стравови.
– Искусуваме нешто ново.
– Шетаме (тука не спаѓа одењето на работа или во продавница, туку прошетките без цел заради уживање).
– Се занимаваме со создавање.
– Се дружиме со пријатни луѓе.

Михаил Лабковски: Ова треба да го знае секоја мајка кога воспитува ќерка

– Поминуваме време со луѓе што нè поддржуваат и веруваат во нас.
– Се занимаваме со своето тело (каква било физичка активност, сауна, базен).
– Го расчистуваме физичкиот простор (сетете се како се чувствувате во преуредена соба).
– Го расчистуваме емоционалниот простор (сетете се како сте се чувствувале кога сте успеале да простите некому и да кажете збогум).
– Велиме „не“ кога сакаме да кажеме „не“ и велиме „да“ кога сакаме да кажеме „да“.
– Почнуваме да го правиме она што сакаме.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top