Поминаа 5 години од врвот на мигрантската криза во Европа, кога повеќе од милион луѓе од Африка и од Блискиот Исток пребегнаа на Стариот Континент.

Една од нив е Стефани Семјуел – се породила на брод за спасување. Марк Лувен, репортер на „Би-би-си“, ги посетил Стефани и нејзината ќерка Франческа во новиот дом на Сицилија.

„Вистинско чудо. Да, вистинско чудо“, почнува сторијата на Лувен. „Затоа и го добила името Мирикл (чудо). Бебе родено на брод додека мајката бегала од Либија стана симбол на италијанската мигрантска криза која ја одбележа 2015 година. Разговаравме со мајката која се бореше за живот. Се сретнавме и денес, 5 години подоцна“, вели репортерот.

– Не можев да се породам во Либија, таму е навистина страшно. Подобро да загинев во вода отколку да ме убиеше бомба во Либија. Одлучив да си заминам оттаму, бев веќе 8 месеци бремена. Бевме на брод, бев исцрпена и слаба, ја изгубив свеста. По неколку часа се разбудив во брод за спасување – сè ме болеше и тогаш почна породувањето – раскажува мајката.

– Среќна сум што ќерка ми расте на Сицилија. Патувањето со брод беше многу опасно, многу луѓе загинаа, но јас имав среќа – вели Стефани.

Целата приказна погледнете ја во следното видео:

Извор

Подготвил: Маја Пероска



912

X