Воспитување

Ми треба одмор (од сопствените деца)

Како се зема годишен одмор кога си „фул-тајм“ мајка, прашува Дора, одговорна и пожртвувана мајка на три деца

– Прва пауза во изминативе два часа. И срцето ми чука побрзо отколку што би требало.
Учителки, докторки, келнерки, чистачки, медицински сестри… сите тие имаат право на годишен одмор, нели?
А како мајки? Како се зема годишен одмор кога си „фул-тајм“ мама?


Зарем не смееме да се умориме од сопствените деца? Не е срамно да кажеш дека шефот ти се качил на глава и дека не можеш да го гледаш. Не е срамно да кажеш дека би го треснала мажот со пегла по глава!
Ти досадува свекрвата, мајка ти која во сѐ се меша, пријателката која зборува само за своите проблеми.
Но, не дај боже да се осмелиш да се пожалиш дека сопствените деца ти здосадиле: ти здосадило да им приготвуваш појадок, да им ги переш патиките и дресовите, да им помагаш околу домашната задача, да ги слушаш како се караат за глупости!
Добрите мајки не го кажуваат тоа!

Ми треба одмор од сопствените деца! Треба некој да организира одмор за уморни мајки по поволна цена. Сега!
Само да седиме и да гледаме во бескрајното синило, некој да ни приготвува супер здрава вкусна храна, да пливаме, шетаме и да спиеме колку што сакаме. Навистина.

Зарем на звучи како сон?

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top