Да се биде акушерка (бабица) е вокација која со себе носи предизвици, но и радости. Бабицата е тука за да помогне при доаѓањето на нов живот, да се грижи за мајката што раѓа, да ја утеши, да ѝ помогне да ги надмине стравовите и да ја издржи болката.

Во продолжение ви пренесуваме трогателно писмо од мајка до акушерките …

„Како да ти се заблагодарам? Од каде да почнам?

Ми даде два најдобри подароци што можев да ги замислам – моето бебе и прекрасното искуство на породувањето. Ти ми помогна да ги донесам моите најблиски на свет. Ти веруваше во мене. Искрено, ми даде сила да верувам во себе. Сподели интимни моменти со мене, мојот сопруг, мајка ми и моето дете. Беше совршен лидер.

Се породив трипати. Секој пат беше различен и посебен на свој начин. Моите бабици ми помогнаа да се чувствувам силна и да не паничам. Ме кренаа и ми помогнаа да ги преместам планините. За повеќето од нас породувањето не е лесно, воопшто. Тоа е една од најтешките работи што сум ги направила во мојот живот. Сепак, тоа е чудо и докажува дека сте силна мајка. Акушерките ми помогнаа да влезам во целиот тој процес самоуверено и смирено. Моите бабици се однесуваа кон мене со почит. Тие беа нежни, фини, на мајчински начин.

Ме натераа да уживам во времето 100 проценти. Ме слушаа, но навистина ме слушаа, за сите грижи. Тие беа клучен дел од мојот тим. Никогаш не се поставија во положба преку која ќе почувствувам поделба меѓу мене и нив. Отсекогаш сме биле НИЕ. Акушерите ми помогнаа да верувам во патувањето и да не губам време на сомневање. Ме натераа да верувам дека сум навистина силна, неверојатна, мајка борец. Тие знаеја што прават и како да реагираат во секоја ситуација.

Моите акушерки беа мирни.

Тие беа со мене во ходникот и внесоа мир и позитивна енергија во собата. Не ме притискаа, ниту постојано ме прашуваа како се чувствувам. Ми дозволија да си кажам кога сум подготвена да туркам и работеа со мене на безбедно доаѓање на бебето. Кога се породував со моето второ дете, имавме проблем. Главата излезе, но рамената му се заглавија. И во тоа време тие беа сосема мирни, но ефективни, па не ни сфатив дека има проблем. Мојата бабица Аки, која беше во шестиот месец од бременоста, направи сѐ што беше потребно за мојата Луси да остане жива и здрава. Кога ќе се сетам на сè од породувањето, најважно ми е што бабиците беа со мене цело време. Не одвреме-навреме и не само кога требаше да туркам, туку цело време.

Нивното постојано присуство ме поддржуваше, се чувствував безбедна и подготвена. Подготвена за породување, подготвена да станам мајка.

Затоа, до моите драги акушерки: ви благодарам што бевте неверојатен извор на поддршка и охрабрување. Бевте со мене тогаш и ќе останете засекогаш – во приказните и во моето срце.“

Извор



912

X