Кога забременив првиот пат, имав смислено апсолутно сè. Знаев каква мајка ќе бидам, каква средина ќе креирам за мојот син и дека ќе водам брилијантен, лесен животен стил за моето семејство. Сега ми доаѓа да се вратам назад и да си удрам шлаканица што бев толку наивна. Немав поим што зборував.
1. Многу сум изморена
Трудница: Едвај спиев затоа што милион пати морав да одам во тоалет, а потоа морав да одам на работа и потоа малку само спиев кога доаѓав дома.
Нова мајка: Будна сум околу 3 дена, се разбира не сум консумирала ништо освен кафе, направив 47 шишенца, пеев 660 песни, променив 1.500 пелени, се чистев себеси и бебето од фекалии, одев во продавница, бев на лекар и во аптека, одев назад по работите што ги заборавив и повторно заборавив дека сè уште има облека и садови за чистење. Мислам дека можам да мирисам подобро.
2. Зошто мајката би ги водела децата надвор кога се поспани, гладни и расплакани?
Трудница: Погледни ја онаа кутра мајка како ги влече своите деца, а тие се очигледно вознемирени. Само одведи ги дома, не вредат фрустрациите.
Нова мајка: Им се поклонувам на мајките што имаат вештина да извлечат три разврескани деца (уште и чисти и облечени) од дома за да купат намирници кои очајно им требаат, а и покрај сето тоа имаат смирен став. Ако некогаш таквата мајка одлучи да напише книга, ќе ја купам секоја копија. Ве молам, научете ме сè што знаете!
3. Одлична сум во организацијата и ќе го користам тоа како нова мајка
Трудница: Одлична сум со мултитаскингот во својата работа и ќе создадам ефикасен и успешен распоред за своето семејство.
Нова мајка: Кога последен пат се туширав?
4. Сакам да бидам присутна цело време. Спремна сум да останам дома
Трудница: Работам од својата 14-та година. Сега е време да бидам лојална на својот нов живот, возбудлива кариера и домаќинство. Сакам да ги исполнам деновите со едукативни активности за детето, активности во парк и зоолошката градина, како и играње.
Нова мајка: Ми недостигаат кафето и ручеците! Мртва уморна сум за што било едукативно. Зоолошката градина е многу далеку и топло е за одење во парк. Сите се премногу зафатени со играње во парк, но искрено не ми е важно дали нашите деца играат заедно, само сакам да се дружам со возрасни луѓе и да зборувам за новата серија што ја гледам.
5. Се разбира дека ќе спијам кога спие и бебето
Трудница: Морам да се одморам за да бидам спремна за малото бебе. Ќе спијам со него, а можеме така да се поврзуваме и да се галиме.
Нова мајка: О Господе, зошто мора постојано да ме допира? Штом ќе заспие, ќе ги изедам остатоците од пицата, ќе седнам и ќе го завршам маникирот, ќе проверам што има на „Фејсбук“ и ќе ја наредам облеката.
6. Многу брзо ќе се вратам во форма
Трудница: Нема изговори, ќе вежбам секој ден, макар и по малку. Со оглед на тоа дека јадам здрава храна, само ќе продолжам така и понатаму.
Нова мајка: Ова е четврти ден по ред како јадам во „Мекдоналдс“ додека го возам детето кое има колики. Ако сме дома, плаче и не јаде. А штом ќе влеземе во автомобил, престанува да плаче, а јас јадам помфрит. И така сме и двајцата во добивка.
7. Дефинитивно нема да брзам, ќе избегнувам одлуки под влијание на хормоните
Трудница: Секоја нова мајка што ја знам ја скратува косата на типична фризура „нова мајка“. Коњското опавче е сосема одлична фризура, преслатко се поместува преку рамената.
Нова мајка: Имам најлоша мигрена од стегачот на главата со кој постојано е собрана мојата коса. Немам време за фризура и сега сè отпаѓа. Скрати го тоа!
8. Не можам да замислам да користам ТВ како дадилка. Тоа се само мрзливи родители
Трудница: Нема причина бебето да стои пред телевизорот. Секогаш има нешто забавно да се прави.
Нова мајка: Ова се сите мои оправдани причини за времето пред телевизор: морам да завршам мала и голема нужда, да подготвам шишенце, да најдам време за кафе, да имам 10 минути мир, повторно да испијам кафе, малку да плачам, да „гуглам“ работи кои можам да ги правам со бебето.
9. Никогаш нема да престанам да носам трудничка облека. Моите соништа се остварени
Трудница: Панталоните за трудници се најдобар изум. Секогаш се вклопуваат, дури и по големиот оброк. Не морам да се грижам за стомакот, собирањето и копчињата кои влегуваат во телото. Би можела опуштено да одам цел ден без грижа како да се приспособам на панталоните.
Нова мајка: Всушност тоа е вистина. Моите огромни колкови и труднички стомак целосно ги подигнаа сите фармерки што се обидувам да ги облечам, дури и оние со висок струк. Поголемиот дел од времето чувствувам надуеност и го носам бебето цел ден, што бара милијарда наместувања.
Но, моите труднички панталони сè уште изгледаат одлично, совршено ми одговараат и секогаш се удобни. Труднички панталони засекогаш!
Автор: Рајли, блогерка/мајка