Кое е основното правило за воспитување на децата на кралицата на Шпанија, а кое е на принцезата од Данска?
Правилното воспитување на децата е една од главните грижи на секој родител. Од вас зависи дали децата ќе израснат во пристојни личности кои ќе придонесат во нашето општество.
Вие треба да им бидете добар пример на кој тие ќе се угледаат.
Методи на воспитување на децата од кралските семејства од целиот свет:

 

Контакт со телото

Принцезата Дајана не ги испушташе од рака своите синови, што е многу необично за кралските семејства. Таа верувала дека допирот и блискоста ќе им донесат големи придобивки.

Техниката „двоен допир“

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја користат техниката „двоен допир“ за детето да ги чувствува љубовта и топлината на двајцата родители, како и емотивната сигурност. Така тие се чувствуваат безбедно и смирено.

 

Учење странски јазици

Кралицата на Шпанија, Летиција, уште од мали нозе ги тера своите деца да учат странски јазици, и тоа англиски и кинески. Исто така, ги носи и на танц и одбојка.

Време поминато заедно

Принцезата Викторија од Шведска се труди нејзините две деца постојано да имаат заеднички активности и да поминуваат време заедно за да формираат цврста врска.

Дозвола за социјални мрежи

Принцезата Мете-Марит од Норвешка сака нејзините деца да имаат нормален живот како и другите тинејџери, па затоа им дозволува да користат социјални мрежи.

Правилата може да се прекршат

Принцезата Мери од Данска ги носи своите деца на спортски натпревари и разни забавни настани, но не се лути ако тие понекогаш ги прекршат правилата.

Учење на дисциплина

Принцезата Шарлин и принцот Алберт од Монако секој слободен момент го поминуваат со своите деца, ги носат на пливање, но исто така им поставуваат строги правила и ги учат на дисциплина.

Сочувство и разбирање

Кралицата Матилда и кралот Филип од Белгија имаат четири деца и постојано ги носат во зоолошката градина и на волонтерски активности за бездомните лица, за старите лица, за лицата со попреченост, со цел да развијат сочувство и разбирање.

Корисни совети

Максима, кралицата на Холандија, на своите деца постојано им дава практични совети кои ќе им помогнат во животот.

 



912

X