За родителите понекогаш е прилично тешко да ги натераат своите деца да се однесуваат онака како што треба.
Но, дали знаете дека всушност вие може да предизвикате вашето дете да биде непослушно со начинот на кој го карате и дисциплинирате?
Според експертите од „Веривелфемили“, постојат некои дисциплински методи што не функционираат добро како што мислите.
Една дисциплинска метода е викањето, нешто со кое повеќето родители можат да се поистоветат. Според експертите, постојаното викање не му помага на детето во неговото однесување. Ова се случува затоа што децата постепено го „исклучуваат“ гласот на родителот, што значи дека е помала веројатноста да го прават она што им е кажано.

Научниците тврдат дека децата се навикнуваат на викањето толку брзо, што повеќе нема никаков ефект врз нив, па тие продолжуваат да го прават она што го наумиле. Друга дисциплинска метода што родителите треба да ја избегнуваат е постојаното негодување.
Негодувањето ќе ги натера децата да мислат дека не треба да вложуваат напори да се сетат на нешто, затоа што нивните родители постојано ќе ги потсетуваат, што значи дека самите воопшто нема да се потрудат.
Освен овие две дисциплински методи, и заканите како одземање на телефонот или забрана за јадење на нешто не се баш плодни затоа што децата брзо ќе научат дека не ги исполнувате заканите, без оглед на нивното однесување.
Автор: Саманта Бартлет