Воспитување

Местото каде што педијатар не е потребен

Вчера нѐ посетија млади родители. Уморни и загрижени поради честото разболување на нивното девојче кое тргнало во градинка.

За нас, педијатрите, ова е нормална несакана ситуација. Не е пријатно, но не е ниту загрижувачко. Неопходно е детето да се „навикне“ на вирусите во колективот. Да ги препознае и да стекне имунитет.

Важно е само да не се препишуваат антибиотиците во такви ситуации, често и нерационално. На краток рок, антибиотикот нема ефект врз вирусот. Долгорочно го оштетува имунитетот – создава отпорност на антибиотиците и ја зголемува склоноста кон нови вирусни инфекции.

Родителите целосно го разбираа ова и соработуваа. Но, мајката се чувствуваше беспомошно затоа што моментално се разделени од таткото, кој работи во Жабљак.

Таткото е планинар, еколошки активист, велосипедист на долги патеки. Тој предлага да се преселат со него на планина. Целосно го поддржувам.

Најважно е семејството да биде заедно. За сите негови членови. Мајката се плаши од суровата клима (што е сосема неосновано – само ѝ треба потопла гардероба) и… нема педијатар таму.

Филип инаку малку зборува, но заклучи: „Таму педијатар не е ниту потребен“.

Целосно се согласувам! Природа, прошетки и играње на свеж воздух. Домашна храна. Нема затворен задушувачки простор, нема многу луѓе и деца на едно место!

Уживајте!

Автор: д-р Нина Мандиќ/педијатар

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top