Иако денес е голема фудбалска ѕвезда, Лионел Меси како дете се соочил со голем здравствен проблем. Имено, кога имал само 11 години неговите родители забележале дека неговиот раст не е како што се очекувало. Според светските медиуми, неговиот раст стагнирал, а набргу по посетата на лекар било откриено дека има недостиг на хормон за раст.

Дефицитот на хормонот за раст (GHD) е состојба предизвикана од недоволна количина на хормон за раст во телото. Ова хормонално нарушување се решава со инјекции со хормон за раст, а токму тоа морал да го прави аргентинскиот фудбалер секоја вечер.

Симптоми кои укажуваат на недостиг на хормон за раст

Како да препознаете дали и вашето дете страда од ова нарушување? Лекарите предупредуваат дека најчест знак за недостиг на хормон за раст е првенствено застојот во растот, односно кога детето е значително пониско од другите деца на негова возраст. За разлика од неговите врсници, детето на кое му недостига хормон за раст стагнира со висината, а доколку тоа не се препознае навреме, може да има многу посериозни последици.

Други знаци се:

-одложен пубертет
-лице кое изгледа помладо
-бавен развој на забите
-нарушен раст на косата
-зголемени масни ткива околу лицето и стомакот
-главоболки.

Иако оваа состојба воопшто не е безопасна, доколку навреме се препознае и се лекува со супституциона терапија со хормон за раст, таа веќе не претставува никакви проблеми во зрелата возраст.

Извор



912

X