Организаторот, автор, ТВ-ѕвезда и мајка на две деца – Мери Кондо напишала приказна за неуредната верверичка и уредниот був за да ја илустрира животната промена што им се случува на децата кои се уредни.

Сигурно некогаш имате чувство дека предметите на вашите деца ја зафаќаат целата соба, целиот домот и вашиот живот? Мери Кондо напиша книга која ќе го поттикне вашето дете да ги стави работите под контрола.

„Кики и Џекс: магијата на пријателството кое го менува животот“ е приказна за верверичката Кики и нејзиниот пријател Џекс, уредниот був.

Кога децата учат како да средуваат и чистат, тие сфаќаат што е важно за нив

Кондо вели дека била фрустрирана откако станала мајка бидејќи не можела да се справи со целиот неред во домот и да ја одржува куќата чиста и средена како што тоа го правела пред да има деца. Кога родила две деца,  немала доволно енергија за расчистување.

– Откако ги добив ќерките, сакав да напишам детска книга за пријателството која исто така ќе ја споделува и радоста од средувањето и чистењето со малите читатели – објаснува Кондо.

Кики и Џекс

Приказната почнува со Кики, која обожава да собира предмети од нејзините пријатели-животните и да ги остава под својот кревет. Потоа, колекцијата од предмети на Кики станува толку голема и неуредна, што таа повеќе не може да пронајде ниту една од играчките со кои сака да си игра, по што доаѓа Џекс за да ја спаси ситуацијата. Тој ѝ помага да расчисти преку користењето на методот КонМари – поставување прашања кои предмети ѝ предизвикуваат радост, а кои не – ако некои не го поттикнуваат тоа чувство, тогаш заблагодарете им се и ослободете се од нив.

„Кога децата учат како да расчистуваат, тие сфаќаат што е она што е важно за нив. Преку чистењето, ликовите на Кики и Џекс учат како навистина да го ценат своето пријателство“, вели Кондо. Ликовите ги поделуваат предметите на Кики во разнобојни купчиња на групи: за фрлање, за рециклирање, за донирање и за задржување.

Кондо вели: „Се надевам дека приказната за пријателството помеѓу Кики и Џекс нема само да ги инспирира децата да чистат и средуваат, туку и ќе им помогне на семејствата да ја откријат магијата на трансформацијата“.

Мери знае дека некогаш домот може да стане хаотичен. Но, таа вели дека треба да има назначено место за секој предмет, со што ќе се намали времето потрошено на чистење. Сепак, некогаш се случува да настане хаос и тоа е во ред.

– Мајчинството ме научи повеќе да си простувам себеси. Радоста што доаѓа од родителството го надминува секое задоволство што може да произлезе од совршено уреден дом – напишала Кондо на нејзиниот блог.

Извор



912

X