Кога вашето бебе би можело да ви се обрати, ова би биле неговите совети за успешно менување на пелената

Мамо. Одличен погодок! Ја обожавам оваа смрзната работа што ми ја даде бидејќи ми растат заби. Ми помага овие долни два заба да не ме болат премногу. Па, да поразговараме малку и за менувањето пелени… Мораме да соработуваме. Помогни ми, а јас ќе ти помогнам тебе, така и двајцата ќе бидеме среќни. Направив листа со некои работи за да ни оди лесно тоа пресоблекување:

  1. Ги обожавам оние студени влажни работи. Сериозно, поради нив се чувствувам свежо, па само продолжи.
  2. Почитувај ги моите набори. Јас сум всушност како мал „мишелин“ и мораш да покриеш голема површина, но те молам внимавај на наборите. Верувај ми, ќе забележам, бидејќи веќе утре можеш да видиш црвена дамка на некоја од „крофничките“!
  3. Однапред извини што мочкам на тебе. Некогаш ги правиш оние смешни фаци, а јас толку се смеам и се радувам што конечно сум ослободен од онаа топла пелена, што не можам да се сопрам.
  4. Биди брза и ефикасна! Знам дека се обидуваш да бидеш нежна, но немој да се срамиш кога треба малку да ме притиснеш при бришењето – заврши го тоа кога веќе мораш. Подобро така отколку милион пати да ме бришеш полека и да потрошиш десетина од оние влажни работи (ова особено важи за тато).
  5. Малку опушти се. Пушти ме малку да бидам без пелени, одвреме-навреме. Знаеш дека сакам воздух и нема баш во тој момент да настинам.
  6. Јас растам, па можеби е време за нова големина на пелените. Јасно?
  7. Не игнорирај го црвенилото. Ја гледаш таа мала точка на моето газе? Утре ќе биде трипати поголема. Па стави малку од тој смирувачки спреј или крем и нанесувај го почесто.
  8. Биди внимателна. Ако се зацрвенам и се напнам, задолжително провери, можеби е време за менување на пелената. Бидејќи не е во интерес на никого да бидам долго во таа пелена. Се согласуваш?
  9. Сакам кога при пресоблекувањето ми раскажуваш приказни и ми покажуваш некои нови играчки. Мудра си ти, си ја пронашла шемата, потоа јас малку ќе се смирам, а ти полесно ја менуваш пелената. Она патче од вчера баш ми се допадна!
  10. Апсолутно немам желба да користам нокшир, засега. Само кажувам. Ајде да се договориме да не го споменуваме тоа некое време… Ок?

Автор: Весна С.

Извор



912

X