Кај гестацискиот дијабетес важно е сите оброци да бидат урамнотежени. Ви пренесуваме три едноставни различни јадења за секој оброк, но не заборавајте да внимавате на вашиот дневен калоричен внес и соодветно да ги приспособите оброците!

Исхраната на дијабетичарите е разновидна и балансирана. Во суштина, треба да ги има сите хранливи материи во оброкот (јаглехидрати, масти и протеини), кои се нудат преку цели житарки и нивни производи, квалитетно месо, сирење и јајца и избрани масти, како маслиново масло, масло од тиква и слични масла за салати и мали количини сончогледово масло при подготовка на оброци.

Ова се три урамнотежени јадења за секој оброк, но важно е да се има предвид дека секоја бремена жена мора сама да знае колку калоричен дневен внес ѝ е пропишан и колку единици од одредена група може да консумира, па според тоа и треба да се организира оброкот. Сите јадења се едноставни, вообичаени и достапни.

Појадок

Каша од овес

Топлата каша од овес е добар избор за почеток на денот. Приготвувана со млеко со цимет или друг зачин по ваш избор и рендано јаболко, ќе ви ја даде потребната енергија, влакна и задоволителен сооднос на протеини и масти од млекото.

50 грама овесна каша
100 грама млеко
2 грама цимет
100 грама јаболка

Домашни мусли

Наместо да купувате готови мусли, можете сами да ги приготвите и да бидете сигурни дека немаат додаден шеќер и некои други несакани состојки. Направете ги со мешање на сите состојки, тостирајте ги на температура до 100  Целзиусови степени и ставете ги во тегла, а секое утро извадете ја пропишаната количина што можете да ја консумирате со јогурт или млеко.

500 грама овесна каша
250 грама брусница
250 грама суво грозје
100 грама ореви
100 грама бадеми

Кус-кус со млеко

Направете кус-кус со млеко и додајте суво грозје и цимет. Ова е одличен оброк за почеток на денот.

100 грама млеко
50 грама кус-кус
15 грама суво грозје
2 грама цимет

Вариво од зелка

Испржете малку лук, додајте сечени компири и зелка. Ставете одредена количина вода и зачинете, па оставете да се вари.

10 грама масло
10 грама лук
500 грама компири
1.000 грама зелка
1.500 грама вода

Ќофтиња

Во сад измешајте мелено месо, јајца, брашно, зачини и кисело млеко. Обликувајте ги ќофтињата и ставете ги на хартија за печење, во сад. Покријте со хартија одозгора и печете ги во рерната на 200 степени, околу 15 минути, а потоа отстранете ја хартијата и печете ги уште 10 минути.

300 грама мелено месо
60 грама јајца
30 грама брашно
5 грама црвена пиперка
10 грама павлака

Ризото со пилешко

Исеченото пилешко малку пропржете го со масло и лук, додајте ориз и покријте го со вода, па додајте зачини. На крајот ставете 10 грама путер за да биде кремасто, па ставете пармезан.

Не заборавајте ја сезонската салата поради растителните влакна.

500 грама пилешко
10 грама масло
100 грама кромид
120 грама ориз
40 грама пармезан
10 грама путер
500 грама вода

Медитерански ручек

Компир-салата

Сварете ги компирите заедно со лушпите, а откако ќе се оладат, исечете ги на парчиња, додајте лук и зачинете со масло, оцет и зачини по желба.

300 грама компири
30 грама кромид
20 грама масло
10 грама оцет

Печена риба во рерна

Премачкајте ја рибата со зачини и испечете ја во рерна.

70 грама риба

Сос за риба

Исечкајте лук и магдонос и прелијте ги со маслиново масло. Зачинете по желба.

50 грама маслиново масло
10 грама лук
10 грама магдонос

Вечера

Салата со пилешко

Лесната салата со пилешко е одличен избор за вечера. Може да стои неколку дена во фрижидер. Испечете го пилешкото во рерна, претходно исечено на коцки. Додајте пченка и грав и ставете маслиново масло, оцет и зачини по желба.

60 грама пилешко
50 грама пченка
100 грама грав
10 грама маслиново масло
10 грама лук

Варени јајца

Белковините од јајцата се одличен извор на аминокиселини за крај на денот, со интегрален леб и зелена салата.

1 јајце
5 грама путер
60 грама интегрален леб

Сендвич со свежо сирење и зачини

За брза вечера земете свежо сирење и крем-сирење и додајте зачини што ги сакате, па намачкајте го на леб. Ова е одличен оброк пред спиење.

60 грама леб
60 грама свежо сирење
10 грама крем-сирење

Ужини

Овошје, кекси, парче леб со сирење, моркови, целер или свежо сирење. Вечерниот оброк треба да се состои од ферментирани млечни производи, како јогурт, кисело млеко или само млеко.

Автор: Мирна Трумбеташ, нутриционист

Извор



912

X