Со студеното време доаѓаат и разни инфекции, а кашлицата е неизоставна појава кај децата. Морковот е еден од најхранливите и најбогатите зеленчуци, па овие сирупи сигурно ќе им ја олеснат кашлицата на вашите деца.

Иако често го доживуваме како обичен, морковот е крал на зеленчукот – нискокалоричен, а суперхранлив и лековит. Исклучително е богат со каротеноиди кои во организмот се претвораат во активна форма на витаминот А. Исто така, тој е добар извор на витамините Б, Ц и К, како и на голем број минерали: калциум, железо, магнезиум, фосфор…

Поради каротеноидите, односно витаминот А, кој е важен за здравјето на очите, морковот е традиционално познат како храна за видот, но одличен е и за јакнење на имунитетот.
Морковот исто така претставува мелем при проблемите со дишењето – помага кај настинки, кашлици, бронхитис, астма…
Сирупот од моркови е традиционален природен лек против кашлицата. Еве два рецепта за сируп од моркови. Се препорачува да се консумираат 3 до 4 лажички дневно.

1. Состојки и подготовка
– 2,5 дл свеж сок од морков направен во соковник
– 2 лажички мед
– Малку вода
Кратко варете го сокот од моркови заедно со медот и водата со постојано мешање.

2. Состојки и подготовка
Подгответе 1/2 кг моркови и 4 лажици мед.
Исчистете го морковот и исечете го на ролни. Ставете го во сад и покријте го со вода само колку да биде покриен. Накратко варете го додека морковот не омекне.
Извадете го од водата и испасирајте го со миксер или блендер. Водата во која се вареше морковот оставете ја да се олади, па додајте го медот и измешајте го со испасираниот морков.



912

X