Мелазма, наречена уште и хлоазма е често нарушување на пигментацијата што главно го зафаќа лицето, а се појавува кај 75 отсто од бремените жени. Овој проблем најчесто ги погодува жените со потемна кожа кои живеат во области со интензивно УВ-зрачење, а главните фактори вклучени во нејзината појава се сонцето, хормоните и наследноста.

Карактеристичниот изглед на мелазмата е: на кожата на челото, образите и брадата, често симетрично, се појавува рамни пигментирани дамки колку една детска дланка, во тркалезна или овална форма, остро ограничени од другата површина. Бојата на мелазмата може да варира од светлокафеава до темнокафеава, црвена до сива или сина боја.

Мелазмата што се појавила во текот на бременоста понекогаш спонтано исчезнува, но во некои случаи за отстранување на дамките на лицето е потребна терапија, која почнува наесен и трае цела зима.

Во текот на есента и зимата се врши специфична терапија на избелување, а неопходно е да се користат УВ-заштитни средства со пониски СПФ-фактори, но од почетокот на февруари треба да се користат препарати со високи фактори на заштита како што е СПФ-50. Подоцна, за да се постигне терапевтски резултат, важно е во текот на летото да се продолжи со применување на УВ-заштита и да се избегнува директно изложување на УВ-зраци за да не се појави повторно.

Терапијата за лекување на мелазмата најчесто се препарати за избелување и хемиски пилинзи, а со нив е неопходно и секојдневно користење на фотозаштитни препарати кои содржат цинк-оксид или титан-оксид. Овие препарати треба да се нанесат половина час пред излегување, а покрај кремовите за сончање, се препорачува и носење поголем шешир.

Извор



912

X